Книги кои ве натерале да плачете

Член од
22 септември 2010
Мислења
130
Поени од реакции
27
`Ќерката на чуварот на спомените` ,ехееее се изнаплачав на книгата.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Девојката со портокали - Јустејн Гордер. Цела тоалетна потрошив, ептен ме растажи книгава.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
44
Поени од реакции
18
Под мермерно небо-Џон Шорц.
Не се изнаплакав туку онака, се натажив, а и бев доста потресена откако ја завршив, долго време ми требаше да си ги средам впечатоците.

Прстенот на принцезата Султана-Џин Сасон.
Пак не заплакав, можеби мааалку ми се насолзија очите:). Мислам дека повеќе бев благодарна што живеам во ова(замисли) подобро општество од тоа таму.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Плачка сум на книги. Повеќе плачам на книги неголи на филмови. Додуша на книга ретко ми се случува да не заплачам.
На Папата Јована се утепав на крајот од плачење.
На Жената на патникот низ времето исто, ама на филмот повеќе плачев:)
На Дневникот на Сузана за Николас исто. Многу има, подобро да беше прашањето на кои книги не сте плачеле.
 
R

redhead

Гостин
Хмм...најмногу сум плачела на Пиреј од Петре М. Андреевски.Тие што ја имаат прочитано-знаат зошто, а тие што не-им ја препорачувам.:pipi:
Пиреј ми е најомилена книгааааа. Еднаш годишно знам да си ја препрочитам.:) Тие што не ја прочитале не знаат што пропуштаат.
--- надополнето: Oct 28, 2011 8:14 PM ---
И јас морам да признаам многу повеќе плачам на книги отколку на филмови. Највеќе сум ја исплакала Илјада неверојатни сонца од Халед Хосеини, како почнав да ја читам така плачев,од самиот почеток до крајот. :) Потоа на Пиреј, ја обожавам книгава, Папата Јована, и уште на могу други веќе не се ни сеќавам. :)
 
С

Сатори

Гостин
Ретко плачам на книги и на филмови, но кога читав за љубовната приказна помеѓу Хелоис и Питер Абелард, како и двајцата завршуваат во различни манастири, он кастиран и неспособен за љубов, а она вечно заљубена во човек кој не се смета себе за вреден и нивното дете кое расте во идиот.
Трогателно до срж. :(
 
Член од
8 април 2010
Мислења
68
Поени од реакции
46
Me rasplace Idiot od Dostoevski, koga se raskazuvase kako umre mladata luda devojka vo Svajcarija. Cak sto vise zakaciv 3-4 konjaka da se smiram... :D
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Хари Потер и Реликвиите на смртта од Џ. К. Роулинг
Сонувачите од Жилбер Адер
Интервју со вампирот од Ен Рајс
Москва на солзите не им верува од Валентин Черних
Папата Јована од Дона Вулфолк Крос
Џејн Ејр од Шарлот Бронте
Оркански височини од Емили Бронте
 

АнаКаренина

Muy Tranquilo
Член од
30 јуни 2012
Мислења
104
Поени од реакции
228
Често си пуштам по некоја солза кога си читам, а најмногу сум се изнаплакала, да не кажам сум потонала во депресии читајки ги : Јужно од границата, западно од сонцето од Харуки Мураками, и Големиот Гетсби од Скот Фицџералд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom