Дерби е, се можи да биди. Не се Јунајтед толку отепани да не можат до нерешено барем да се докопаат, плус мотивацијата кај играчите ќе биди до плафон затоа што Сити нема кикс скоро 20 натпревари, или ... Не ни бројам веќе
Ги гледав против Волвс не изиграа ништо а победија 4:1 зошто, просто и едноставно, сами се победија волците.
На 1:1 еден куп грешки имаа Сити на средина на терен, три пати му ја поклонија топката на Волвс ама кога не знаат џабе, само Адама ги посра две контри и ја испрати топката надвор од трибини.
Ако излези Пеп со некој измешан состав можи да им направи Јунајтед проблеми, се зависи од тоа Оле како ќе се постави.
Јас ќе ја пробам х2, 14 бодови е разликата, ништо страшно ако кикснат тука.