Кладилница (Генерална дискусија)

Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Каква мерачка двојка на Карабаг фатив, 4 квота. Еден натпревар, против за мене најпреценетиот тим у Европа - Легија ( ок знам дека не се, ама неможам да ги смислам ). Заборавив да ја пишам на темава..

Утре ќе им улетам на Сонего - Фриц овер 38.5, двајцата добри на свој сервис, доаѓаат од убедливи 3-0 против Бублик и Албот. Убедливо на свој сервис, преку 80% имаа. Ако сакате посигурно, 4+ сета е подобра опција, да не се замарате со броење гемови.
После ваков тај-брејк, веќе нигде не улетувам.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Одиме јако денес, ќе игра Мугуруза повторно.

Шмиедлова - Подорска 1, коефициент 1.92 Пајнакл.

Ова е close call, што се однесува на value. Дуел на две тенисерки кои се во голема форма и на кои земјата им е убедливо најдобра подлога. Играат сличен тенис, Шмиедлова за нијанса поофанзивна, и со нијанса подобар сервис, и тоа се нијансите заради кои ќе ја уплатам Словакињата. Во претходното коло потполно ја надигра Азаренка, а пред тоа Венус Вилијамс. Подорска имаше полесни противници, во прво коло Минен која е слаба на земја, а во второ коло Путицева. Шмиедлова ми е мене многу драга тенисерка, сметам дека е underachiever, и во неколку наврати ја имам гледано како се носи на равна нога со некои од најдобрите тенисерки.


Пиронкова - Крејчикова 1, коефициент 1.90 Бет365.

Овој бет се наметнува сам по себе. Крејчикова знае да биде заебана, таа е класичен шотмејкер, со многу варијации во играта, и земјата и е омилена подлога. Најголем проблем со неа е што многу лесно го губи својот сервис, дури и во ситуации кога води 30-0 во него. Од другата страна е лепотицата Цвете, која игра како несаглам откако ја одработи својата должност спрема врстата. Претворена е во вистински ѕид, како и да дојде топчето се враќа спрема противничката. Пред неколку години никогаш не би ја одиграл Пиронкова на земја, но ова е new, improved верзија на Цветето, која може да изгуби само од најдобрите. Цvete for the win.


Халеп - Анисимова 2, коефициент 4.50 Бет365.

Ја има и на повисок коефициент, ама не сакам да играм во егзотични кладилници. Ова во основа е long shot, ама последниот пат кога играа на Ролан Гарос Анисимова ја збриша Халеп. Анисимова игра одлично на земја, мислам дека на оваа подлога ќе го направи првиот вистински голем успех во кариерата. Халеп има проблем со тенисерки кои ја напаѓаат и не ја оставаат да ги сомеле со своето темпо и со непрестаните напади од основна линија. Овде Халеп во прво коло ја доби Сорибес Тормо многу убедливо, но имаше проблеми во првиот сет, а и против Бегу која и е редовен муштерија не делуваше најубедливо. За пострашливите имате +4.5 гема на Анисимова на коефициент околу 2.


Гарсија - Мертенс овер 21.5 коефициент 2.06 Пајнакл.

2-0 за Гарсија во меѓусебните, двата меча на бетон. Овде повеќе играм на некое претчувство, и заради тоа што Гарсија сигурно може до еден сет против Мертенс. Мертенс игра добро откако почна сезоната после ковидот, но Гарсија е доволно квалитетна да одигра тесен меч против Мертенс. Французинката иако земјата не е и примарна подлога добро се снаоѓа на неа, обично игра солидно на РГ, овде веќе ги доби Контавеит и Канепи, мислам дека има шанса дури и да го добие и овој меч.
1 од 4, многу, многу лош ден.
 
Член од
2 јануари 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
1.014
Би прашал што се деси на Сакари-Тревисан после првиот сет кога Тревисан имаше 15 коефициент да го сврти мечот ама после се што ми се деси оваа недела буквално да видам дека Надал изгубил од некој надвор од топ 100 нема да ми биде чудно. Пола од тенисерите на кои имав бет оваа недела у даден момент имаа под 1.05 коефициент за победа, сите изгубија.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.961
Поени од реакции
9.593
Вавринка ни за почеток ни за крај на ден ваков идиот
:pos: :pos: :pos:
Stan the Man
Сеа рандом ми излезе дека го јал и прснав од смеење и одма ми текна дек го видов сабајле коеф 1.05 и не се осмелив да го играм контра ај реков да не претерам овој ептен беше 200 и кусур
Каков местач, не Вава туку БАБА овој испадна :cuc::cuc:
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
:pos: :pos: :pos:
Stan the Man
Сеа рандом ми излезе дека го јал и прснав од смеење и одма ми текна дек го видов сабајле коеф 1.05 и не се осмелив да го играм контра ај реков да не претерам овој ептен беше 200 и кусур
Каков местач, не Вава туку БАБА овој испадна :cuc::cuc:
Toj prviot komentar za Warwinka ti bese za predhodnoto kolo, togas pobedi. A za ovaaa kolo neznam koj go e igral na toj mizeren koeficient.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Работнички-Академија Пандев примамлива квота за 1 ... Годинава академци се боранија.. некој со инфо околу скопјани како се шо се спремни денес?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.961
Поени од реакции
9.593
Toj prviot komentar za Warwinka ti bese za predhodnoto kolo, togas pobedi. A za ovaaa kolo neznam koj go e igral na toj mizeren koeficient.
Коментарот не беше за то коло конкретно, беше општо за оваа петарда

Њукасл - Барнли Х2и0-3 1.90
Иста лика и прилика двеве екипи сакам да ја опнам и 2чиста ама ајде и ова не е лошо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom