- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.942
- Поени од реакции
- 116.456
Потпишувам со две раце. Нема леб од играње мали квоти и фаворити, ете денес може ќе бидеш добитен, следен викенд дупло ќе им ги вратиш зашо ќе те надене некој. Треба само сингл или дубл и исклучиво на квоти кои имаат вредност. Саутемптон денес беше бетон кец, Лестер не знаат кај тераат сезонава, плус без Слимани и Марез кои се на купот на нациите...Просто физички е неизводливо да си добитен на долги стази ако играш буквално све што е актуелно, првенства,турнири,грендслеми,нба и убедливо најлошото играчи... играм спортска преку 15 години но тек во изминатите 4-5 го подигнав нивото кога почнав да се конкретизирам на само еден спорт и неколку првенства, притоа синглање на екипи што редовно ги пратам и го следам нивниот развој.
нејќам да патронизирам бидејќи и мене ми се случува да се занесам со типови кои се косат со мојот начин на игра но мака ми е кога гледам како ревносно и тврдоглаво се форсираат лоши игри.
Исто кладење во живо е доста добра работа кога гледаш одреден меч, нарочито во тенис, често знаат да дадат погрешни квоти а односот на силите на теренот е тотално погрешен. Памтам имаше над 3 квота за Харисон против Раониќ на УС Опен а Раониќ повреден на терен, се влечеше ко црево.