Македонија - Црна Гора <142.5
Литванија - Србија Т1>76.5 , H1 -5.5
Полска - Грузија Т2<71.5
Накратко по некој збор за сите ..
Македонија - Црна Гора : Можеби според мене е зицер оваа граница ако сметаме по ланската игра може и да не е , ама ако гледаме дека лани се постигнаа малце кошеви не знам што би требало годинава да ја префрлат границава .Тесен меч ќе биде ова коефициентот на Македонија беше 1.50 сега гледам се крева и на 1.6 во некои кладилници што значи дека не сме до толку големи фаворити.
Литванија - Србија : Србите видно ослабнати со неиграњето на неколку стандардни репрезентативци и мора сега да се потпрат на Ненад Крстич и Бјелица ама според мене тешко против вака силна Литванија . Првата опција е подобра според мене Литванците да преминат граница од 76.5 поени со играчи како Лавриновиќ , Мотијеунас , Клеиза , Валанчиунас и најискусниот Јавтокас според мене Литванцијте под кошевите ќе бидат најопасни од сите репрезентации .
Полска - Грузија : Грузијците одлично тргнаа на последното Европско првенство се додека не се повреди нивниот најдобар играч Пачулија и тогаш загубија 30% од нивните можности но ја поминаа групата бидејќи имаа лесни противници во неа . Годинава е обратно го нема Заза ама групата е потешка од лани и мислам дека тешко да ја поминат групата . Полска предводена од НБА центарот на Феникс Марсин Гортат и еден од подобрите центари во Евролигата Масиеј Лампе би требало да издвои победа против ослабената Грузија а исто и да одиграат добра одбрана.