Гукнете бре нешто Кичевчани
, како се справувате со вирусов, ги почитувате мерките или башибозук владее низ маркетите и аптеките?
Многу ми се иде кај вас
Па...вака некако стојат работите во Кичево:
-двајцата заразени од градов фактички не се заразени тука . Првиот дојде од Малта, работел и на крузери, и по доаѓањето во карантин во хотелот Ибис, на лична иницијатива се тестирал и испаднал позитивен. сеуште е во карантин во Скопје
-вториот случај се работи за младо дете, 19 години кој уште од Водици имал проблеми со плуќата и бил по болници. неколку недели лежел во болницата во Охрида, каде највероватно го закачил вирусов. најголема дилема е дали некој од фамилијата го има посетеувано за време кога бил инфициран. Тоа би било лошо, пошто те се 7 члена фамилија во еден мал стан, од кој едната работи во фабиката КСС, брат му на каса во маркет....третата исто во маркет, татко му во шумското претпријатие....па така можат да бидат детонатор за градот. Се надеваме дека фамилијата не е закачена со вирусов
Иначе....поради немање на инфициран во самиот град....луѓето се многу опуштени, т.е. недисциплинирани. По маректите се гужваат..туркаат....
Бидејќи вглавном кичевчани живеат по куќи...не е толку тежок карантинов. Сите скоро имаме големи дворови,клупи под сенка...кафиња...работа во бавча...