Со Лада Нива сум го возел неколку пати, но со лека кола е малку потешко поради големите дупки. Есенеска бев со лека кола до третина од патот, ама многу тешко се искачивме.
Тоа е стариот пат за Битола, а овој преку с.Белица, Козица....е пуштен во сообраќај во 1977-78.
На пример мене како дете кога ме носеа на операција од крајници во Битола во 1976 зимата, татко ми со Фиќо ме носеше по овој пат и тоа на 40 см снег. По овој пат одеа и автобусите како оние од филмот``пред дождот``.
Иначе на ова место``Турла`` има дренки, и тоа е едно до ретките места во Македонија каде го има овој плод