Како се запознаа моите родители...

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Баба ми била наставничка и летото носела деца на летување и ја носела и мајка ми со неа. И така едно лето (15-16 мислам имала мајка ми) се појавил инструкторот по пливање(татко ми), и се заљубиле еден во др, и покрај тоа што биле 10 години разлика. И кога се вратиле во Скопје, почнале да излегуваат...мајка ми се рабира на почетокот ништо не и кажувала на баба ми, ама оваа некако дознала па и бранела за излегува со 10 години постар, бла бла, па после мајка ми нешо лажела кај другарки дека иде, за да излегува со него. И така на 19 години се земале, бидејќи ме направиле мене:) Непланирано дете сум ти јас:(:)
 

GirliciouS

ιт αιn'т eαѕy вeιng gιrl...
Член од
19 ноември 2008
Мислења
72
Поени од реакции
1
во средно..
татко ми 4та,мајка ми 3та..
биле другари и мајка ми му го местела татко ми на сите заинтересирани..бил големмммм фраер.а неа ни на крај памет дека ке заглави со него..но сепак имаа врска долга 12 години..после тоа брак=резултат јас и сестра ми:pipi:
леле алал да им е..цел живот заедно.. мислев дека не постојат толкави врски ама ете...
а на прашањето што и го поставив на мајка ми 'како се запознавте ти и тато?', следуваше одговор 'безвезе' :uvo:
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Мама излегла со другар од тато и така се запознале.Ама мама не го бендисала тој другарот од тато туку го бендисала тато.Тој пак пошо бил вака џек на времето одма ја сумил мама шо мислит и по неколку дека излегол сам со неа без тој другарот негов.Кога се осигурал дека и се свиѓат на мама стапил во акција...:zlo:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Стопосто на ВеПеШе :vozbud::vozbud: (Инерс’ркл Битолска шега)
 

GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
33
Од средно се заедно, ги запознала тетка ми (сестра од татко ми) :) Тато ја видел мама во "корзо" и многу му се свиѓала и и рекол на тета да му ја "мести" ... после се запознале, па по некое време се фатиле. После тато отишол во војска и кога се вратил се зеле, сеуште се заедно 23-24 год брак, може и повеќе...не знам :kesa:
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.087
Moite se zapoznale vo biblioteka na praven fak.ustvari majka mi barala kniga(knigata bila kaj tatko mi iznajmena) a tatko mi od strana ja gledal i smekal i taa koga i rekla deka nekoj decko ja zemal i tatko mi i prisol i i rekol ovaa kniga ja baras???hhhhh i taka se zapoznale i idele nekoe vreme i se zemale i sum iskocil jaaas...ajt pozzz do mama i tato
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Моите се запознале на свирка во еден ресторан .Некако случајно друштвата им седнале на иста маса се упознале и од таа вечер па се до денес веке 20 години се заедно.А пред да се заспознаат иако излегувале на исто место не се знаеле.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Ајде и ја да ја споделам мошне интересната приказна на моите :)

Мајка ми живеела во Тетово, тетовчанка уствари, татко ми гостиварчанец :) Татко ми студирал медицина во Скопје :)

Мајка ми имала две најдобри другарки од кои едната имала нешто роднини во Гостивар па често идела и така го запознала татко ми и била воодушевена од него :) Се вратила во Тетово и им кажувала на другаркиве како изгледал, каков бил ова она и мајка ми како да се заљубила во него само од кажаното како да и поминало низ глава тој е тој- совршениот :nesvest:

Поминало некое време и мајка ми одела со тетка ми накај Скопје со воз. Иститот ден и татко ми одел накај Скопје со возот. Мајка ми се залетала да влезе во некој друг вагон, но тетка ми во последен момент ја вовлекла во вагонот каде што случајно бил и татко ми :) И така во вагонот се виделе и на мајка ми и поминала низ глава дека тој е дечкото што и го опишувала другарката, како да го препознала, во истиот момент како да осетила нешто :nesum::nesvest:
И така испаднало, подоцна сфатила дека дечкото од возот што го видела е истиот оној за кој и зборувала другарката и во кого како да се заљубила пред да го види :uvo:

И после преку некои пријатели заеднички се запознале и биднало што биднало, се влечеле после долги години во врска :toe:

Бог да чува приказнава, да слушаш да не веруваш.
 
Член од
16 февруари 2009
Мислења
23
Поени од реакции
3
tatko mi i majka mi se zapoznale na eden staromoden nacin duri nivnotoodenje ne bilo klasicno odenje i bea vo brak skoro trieset godini no na staromoden nacin ne docekaa dlaboka starost vo brak bidejki tatko mi pocina. Mnogu e interesno kako porano na eden poptarijahalen nacin se zapoznavale parovite
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Заедно учеле средно, па ја задевал секогаш и ја гушкал пред професорите за да ја усрами :) Заедно на факултет продолжиле, правен, во втора година се родила сестра ми, завршиле факс, па некаде по 5 години сум се родила јас.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Ах..
Мајка ми 15годишна пубертетлика ама уба пустата! Татко ми 22годишен фраер со најново фичо, портокалово металик:pipi:
Мајка ми претседател на клас и будучи интелектуалец во фамилија, татко ми на почеток на амбициозна кариера!
Прв состанок кај Енвер во барот, ја частел боза и кремче:pos:
Море и средно и факултети истуркале, татко ми во војска мајка ми на стажирање по Југославија, се дом'кнале 10 години и си се земале пустите! Шетале уште една година уживајќи ги благодетите на брачниот живот без распискано, мало, недефинирано суштество, тешко 4 кила и нешто сантима!
22 години во брак! Да им се множат! Ги сакам!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Пеколно лето некоја си таму далечна година. Татко ми со друштво на одмор (Претор), мајка ми исто. Татко ми и другарите седеле на плажа играле карти а мајка ми си пливала лево десно. И туку додека татко ми ја меркал она го викнала да влезе во вода. И биднало!:):):):)
После тоа запознавање си се гледале по Скопјево, и после 4 години заѕвониле свадбените ѕвончиња!:)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Majka mi i bila drugarka na tetka mi, arno ama ne go znaela tatko mi bidejki vo toa vreme toj rabotel vo Bosna. Ednas koa si dosol izlegol so tetka mi i drugarkite i se zapoznal so majka mi, ostanal poveke vreme, se fatile i odele okolu 3 godini i posle toa se vencale.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
Мајка ми учела средно во Велес и седела во интернатот во близина на зградата кај што живеел татко ми. Прво цела година си разменувале погледи, се шмекале милите. Се до еден ден кога татко ми решил да ја запре на улица и да се запознаат. И така си имале тригодишна врска, после се венчале, па еве денес веќе се 20 години во брак.
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Моите родители се запознале на работа(работеле на исто место).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom