Како се запознаа моите родители...

Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Еее пред некој ден мајка ми ми кажуваше за ова..
Била мајка ми на одмор... и во хотелот каде што се наоѓала, ја видел татко ми.. било нешто како љубов на прв поглед :) ... После тоа цело време трчал по неа.. во зградата каде што живеела доаѓал често .. ''кај некој другар на гости''... а мајка ми не сакала да го види... И по извесно време станале другари.. заедно у друштво.. и биднало на крај.. и еве во брак се скоро 16 години...
 

Qwerty!

Knowledge is power:O
Член од
28 јуни 2008
Мислења
803
Поени од реакции
11
Еее пред некој ден мајка ми ми кажуваше за ова..
Била мајка ми на одмор... и во хотелот каде што се наоѓала, ја видел татко ми.. било нешто како љубов на прв поглед :) ... После тоа цело време трчал по неа.. во зградата каде што живеела доаѓал често .. ''кај некој другар на гости''... а мајка ми не сакала да го види... И по извесно време станале другари.. заедно у друштво.. и биднало на крај.. и еве во брак се скоро 16 години...
Хаха:pos2::vozbud:
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Мајка ми и татко ми по грешка се запознале :)
Пред да се запознаат, двајцата биле у заблуда дека се други личности.Татко ми на мајка ми и личел на некој турист што бил у градов баш тој период и и се допаѓал неа, а мајка ми на татко ми му личела на некоја пријателка од негова братучедка која му се допаѓала нему...
И кога се запознале сфатиле дека у заблуда биле..Ама се заљубиле и ете ги сеа :)...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Па мама си била на тренинг како надежна (или сепак не :) ) кошаркарка и по случајност тренер и бил чичко ми. Еден ден татко ми се појавил на тренинг за да шармира некоја девојка вајда и ја видел мајка ми. И чичко ми и рекол на мајка ми да го симне накитот да не се повреди кога ќе игра, а тато како џентлмен се понудил да го причува :). И така се здружиле, искачале, се фатиле, иделе 4 години, се земале и се во брак 23 години.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Татко ми со групата имале свирка во гимназијата, и таму се зашмекале со мајка ми. Па после биле дечко и девојка околу 3 месеци и се скарале нешо. Тато свртил уште 5-6 женски мама уште толку машки, и оп, пак се смириле. Биле заедно едно 6 месеца и после се венчале. Веќе 16 години во брак. :back:
 

*MC*

Печурче
Член од
26 февруари 2008
Мислења
344
Поени од реакции
0
Искрено не знам точно, само знам дека доолго се познаваат зошто и фамилиите биле пријатели, а знам и дека учеле заедно и седеле заедно.
 
Член од
17 август 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Е сеа да ви ја казам приказнава на овие моиве.Мама да ти била учено девојче(на нашки кажано бубалица)и во 4 година средно го претставувала нејзиното школо на накој квиз.Арно ама тато и неговите другарчиња од тогашна"Младина" ,да ти го организирале квизов и така се запознале.Оделе па мама во СК на студии,тато си одел на тогашните АКЦИИ(прашајте ги родителите ако на знаете бас мн за тие акции)и 3 пати се скарувале.Ама на мама една другарка одела со еден другар на тато и они ги смириле на една Нова Година(овоа им е последното смирување,битното!),и мама демек ако одел тато не сакала да оди,ама ја излашале и .....се смириле и понекое време се земале.Па после една годинка и пол сум ги израдувала ја и така .happy end:pipi:
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Мајка ми и татко ми се од 16 год заедно.Мајка ми шетала во паркот со некоја другарка,и таму се погодил татко ми, сликал(онака си сликал се што ќе му се бендиса) и ја прашал мајка ми дали можи да ја слика.Мајка ми му дозволила и така и ден денес си ја чуваат таа прва заедничка слика:)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Тато учел со тета (на мама сестрата) во средно и биле партнери за матура. Кога дошол да ја земе тетка ми за матурската вечер, се шмекнале со мајка ми и биднало. :tv:
После неколку месеца врска, морал да оди во Ирак на работа... Цели 7-8 месеца останал таму, и за цело тоа време си праќале олд-скул љубовни писма, кои ги имам најдено и скришно прочитано сите до едно. :pipi: Кои романтики тешки. :wub: Како и да е, мајка ми, будалата, го чекала и го дочекала, па набрзо откако се вратил се венчале.

И после дада, после јас, после мини-дада. 26 години брак.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Татко ми бил шанериште маалско, фраер од пелени, а мајка ми гик шо на своите соученици им предавала англиски. Татко ми немал у план факултет, мајка ми имала 9.8 просек. Потоа и он завршил факултет. Ако добро ја пратам мајка ми 30 години се во врска а 22 во брак.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Лелеее ги имам прашано вештерите илјада пати и не кажуваат демек не се сеќавале...пфф ветар во магла демек дете прво одд сум и ќе се лажам така.Туку ај тоа е...
 
К

Кики.

Гостин
Се запознале на работа во ЈНА и трчкал татко ми по мајка ми ама ништо. После некое време си почнале врска која траела „дури“ 3 месеци и си се земале и после 10 години сум дошла јас и така сега веќе се 29 години во брак. :pipi:
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
114
Поени од реакции
1
neznam tocno ama znam deka majka mi imala najubavi noze(spored izjavata na tatko mi) i resil da ja kari.bil uporen i eve gi sega
 

Kajgana Shop

На врв Bottom