Тоа ми зависи пред се од тоа зошто се однесува лагата
ако не ми е толку важно тоа си молчам, слушам и после ја прашувам од каде и е тоа, не е логично и слично, но ако упорно ме убедува дека е така не сакам да се карам, туку ќе ја слушам ама ќе биде она "како влегло така излегло"
А ако лагата е повразана со мене и моите блиски и ги повредува и нив, нема да молчам и да го дозволувам тоа, туку ќе настојувам да ја убедам личноста дека тоа нема логика, ама ако личноста е таква по природа и продолжува со лагите (очигледно заради некоја цел), тоа е нејзин проблем, не мој.
Всушност не живееме за што ќе речат другите, туку живееме за нас да ни е убаво. И на крај краја оние кои добро ме познаваат мене, нема да им поверуваат на лагите.