Во моето друштво еден гадно се огреши спрема мене, а треба да се напомене дека сум бил откај него и сум идел у оган за него. Му се натепав и наругав. И не рече ни „извини“. А преголема навреда. Не директна кон мене, но кон моето семејство, кое со ништо не му згрешило. По еден ден, ми проговори нешто, дури и не разбрав што ми рече. Тоа беше последен контакт. Сега, сите другари заедно, и на Нова година, и на 1ви мај, и во кафич, кафана, се собираме, пиеме, јадеме, со сите си се слагам, на него збор не проговорувам. Го гледам како дух. Имаше сообраќајка со скутер, случка која ја предвидов една недела претходно. Не се јавив, никого не прашав за него. Не ме интересира. И да дојде да ми прави муабет, воопшто нема да го регистрирам. Велите да размениме неколку збора од култура, но таков човек не заслужува такво нешто.