PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Пред некое време се возев во автобус и седна до мене една едвај_подвижна бабичка. Кога почна муабети да ми прави, во рок од 6 станици цел живот ми го раскажа од 1930та до денес. И тоа хронолошки. Прво за мажот кој и починал од тумор на мозок во 96та, па за син и кој живеел во кулите во Козле, а она во Чаир, па ретко се гледале дека далеку биле... Па за брат и што си отворил Фолклорно Друштво во Америка, па за ќерка и што пред некој ден и донела јагоди од работа, ама боље биле од тие на пазар, по што она дошла до заклучок дека нема веќе од пазар да купува зошто носеле неквалитетна роба, па за мајка и која успеала да доживее рекордни 96 години од својот живот... На крај особено внимание обрна на „проблемот“ што живеела во зграда што се наоѓа на средина од две автобуски станици, и падна во дилема на која од нив да се симне, зошто исто и се фаќало... Аааааааааааа!! :nesvest:
Jaс што да правам, културно климав со главата, ја остаив да си збори, си реков ај стара е, нема друштво, нека си се олесни...
Тоа е, ќе си седам, ќе си преќутам, ќе дочекам да си дозбори, додека јас „слушам“... Не иде тоа така, стави го на игнор. Од љубезност ќе дослушам, па после ќе ја „оговарам“ по форуми...