- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Дури дискутирате за небитни работи кои веќе поминаа и не можите да ги смените, направете еден тајм-аут и прочитајте еден вовед во денешниот натпревар.
Куп мечевите во Италијанското првенство се ретко интересни за публиката, бидејќи не нудат возбудливи дуели во овој период од натпреварувањето... туку атмосферата се вжештува таму некаде кон завршната фаза(полу-финале, финале). Но тоа не е случај годинава, кога уште во оваа фаза имаме дуел помеѓу титаните во Италијанскиот фудбал, торински Јувентус и Интер од Милано.
За разлика од минатите сезони, оваа година Јувентус не игра во Лигата на Шампионите, немаат шампионски амбиции во домашното првенство па логички е да се заклучи дека ќе атакуваат на единствениот трофеј кој останува. Ќе атакуваат на Купот на Италија. Од друга страна пак, Интер има состав на кој може да му подзавидат сите, составен од играчи од светска класа за секоја позиција но и достојни замени за истите. Затоа годинава Интер атакува на сите три фронтови и на првенство и на Лига на Шампиони а секако и на Купот. Тоа може да биде меч со две острици, може од преголема желба за трофеи да се изгори и на крајот да останеме само со првенството, како лани. Но, да не бидам песимистички расположен, ајде малку статистика.
Интер во ова натпреварување влезе, со подмладен состав, состав во кој играа едни Болцони, Маруфи, Фатич, Алфонсо, Балотели и сл. Но сепак доказ за тоа колку се моќни овие деца на младинската школа на Интер е фактот што успеа да декласира еден прволигашки тим во полн состав... како Реџина со вкупен биланс 7-1. Јувентус на пример, мака мачеше со еден Емполи каде едвај спаси жива глава благодарение на одличните напаѓачи па така, дури после 5 постигнати гола успеа да си резервира билет за Милано и Џузепе Меаца. Вечерва секако дека критиката како фаворит ќе го означи тимот на Интер, но сепак да не се лажеме... се игра против најтрофејниот тим во Италија и се е можно. Иако со ослабени состави двата тима ќе атакуваат на победа. Значи не очекува возбудлив трилер, па нека победи подобриот.