Се вртиме во круг:
- Едно е да го тепале, и тој да рекол: еве ви информација, знаевме за девојчето бидејќи татко и му кажал на палчо* (ќе се навратам на ова)
- Друго е да го тепале: признај дека таткото на девојчето ви кажал. Еве ти слика, Александар се вика, признај.
Значи ова се две сосема различни работи, а според Манев, од него признание добиле на вториот начин. Ако и од каратистот го добиле на ист начин, целата таа изјава не значи ништо.
* Да се навратам сега на првото: еве да претпоставиме дека го признал тоа дури и без тепање:
1) Тој не е сведок дека тоа навистина се случило. Палчо така му рекол. А му рекол и други работи, како дека ќе добијат 150,000 евра, па 20,000 евра, дека нема никого да убијат, дека ќе ги кријат киднапираните во дупка, и многу други лаги. Зошто информацијата за таткото би била вистина, ако ги лажел за се друго?
2) Манев вели дека палевски ја следел жртвата 10 дена. Полицијата велеше ако не се лажам, дека имале неуспешен обид неколку дена предходно. Манев најверојатно лаже дека на сликата не било девојчето туку возрасна жена, ама кажува дека психото ја следел, дека прибирал информации и им ги покажувал.
Ова може да се изведе без никакво инволвирање на таткото кое е само ризик за психото. Тој очигледно си имал своја група на послушници на кои им верувал, свој тесен круг на луѓе. Мене таткото не ми се вклопува повеќе во оваа приказна. Имаа доволно време да најдат некаков контакт, пишан траг, повик, слика, било што...