Исчезнати лица

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.780
Поени од реакции
23.036
мислам дека муабетов на Манев за ќерката на фармацевтот е фејк. Штом овој карате кид дал таква изјава таму тогаш дека таткото им кажал инфо кога ќе искача, они знаеле дека девојчево ќе биде.
Тоа на каратистот е исказ од декември 2023, непосредно после приведувањето.
Сега го негира тоа и тврди дека го изјавил тоа бидејќи бил тепан.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.749
Поени од реакции
43.737
Тоа на каратистот е исказ од декември 2023, непосредно после приведувањето.
Сега го негира тоа и тврди дека го изјавил тоа бидејќи бил тепан.
па сигурно е таа изјава порелевантна него оваа каде што не знае кај му бил пиштолот и дека спремале литии.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.166
Поени од реакции
117.855
они знаеле дека девојчево ќе биде.
А и ова се разидува со тврдењето на Манев дека не знаеле кого киднапираат и дека дознале откако и ја извадиле вреќата околу глава во Бразда.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.780
Поени од реакции
23.036
Додуша он го негира целиот настан сега, тврди дека нема поим со киднапирањата и убиствата на Вања и Панче.
Од друга страна Манев признава се, освен дека таткото е вмешан. Тврди дека го рекол тоа тогаш затоа што бил тепан и полицајците додека го тепале го терале да признае дека таткото комуницирал со Палчо.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.501
Поени од реакции
18.820
Добро. Ај сеа замисли ситуација кога ќе дојде на ред таткото на испитување истиот да признае дека тогаш и тогаш кажал/напраил тоа и тоа, нема да се осеќаш малце глупаво што се праиш циник и паметен?
Zaso bi priznal, koa obvinitelstvoto nema nikakvi dokazi? Duri i da e vmesan, zaso bi go naprial toa. Ovie ne prezentiraa apsolutno nisto.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.851
Поени од реакции
6.373
Абе не нови докази од обвинителството, него искази од обвинетите. Кажи ми искрено, колку работи дознавме откако почнаа да сведочат сите? Дознавме и за дупките кога биле ископани, како биле ископани, како се извршени убиствата, како се собирале и договарале и уште мал милион работи, а све тоа на почеток не го знаевме. Затоа и викам почекај, може на крај ќе излезе дека таткото кажал кога излегува Вања од дома (трескам на памет за да доловам, не дека е точно ова).
Не се разбираме, очигледно...
"Исказ од обвинет" не е доказ. Обвинет може што сака да каже. Може да биде само индиција за да Обвинителството покрене истрага. Ако во таа истрага најде докази, тогаш ОК, Обвинителството може да пушти обвинение, да предлага притвор и/или да го судат човекот.

Ама, ако дојдеме во ситуација, Обвинителството, без докази, да пуштило обвинение (+ притвор) против некој (само на основ што некој рекол), тогаш имаме проблем.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
817
Поени од реакции
1.058
Каратистот се прави наудрен или е глуп, глуми на карта лудост

„На снимките се гледа како доаѓате кај Велибор дома со згаснати светла со вашата шкода. Во раните утрински часови. Се гледа како ставате ракавици. Зошто ставате ракавици во раните утрински часови во 2-3?”, го праша судијата.

„Тоа не е сабајле, туку навечер. Ми ги даде ракавиците, не знам зошто ги ставив. Тргнавме да прошетаме. Не знаев каде одиме, затоа се вративме веднаш”, рече Видевски.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.166
Поени од реакции
117.855
Не се разбираме, очигледно...
"Исказ од обвинет" не е доказ. Обвинет може што сака да каже. Може да биде само индиција за да Обвинителството покрене истрага. Ако во таа истрага најде докази, тогаш ОК, Обвинителството може да пушти обвинение, да предлага притвор и/или да го судат човекот.

Ама, ако дојдеме во ситуација, Обвинителството, без докази, да пуштило обвинение (+ притвор) против некој (само на основ што некој рекол), тогаш имаме проблем.
Те разбирам, меѓутоа дали мислиш дека на ваков случај кој очигледно се тера јавно и цела јавност е запознаена, би држеле некого во притвор без покритие? Јас мислам не, а ако грешам тогаш тоа е огромен пропуст и ненадоместлива штета во однос на таткото за сево ова време, покрај нели онаа најголемата а таа е губењето на ќерката.
 
Член од
2 јануари 2011
Мислења
1.570
Поени од реакции
1.017
Според моменталната ситуација, таткото може да биде осуден само ако сам признае вина. Дури и некој од другите обвинети да го посочи него во сведочењето, пак ќе биде тоа само исказ без доказ, и не е доволен за пресуда. Иначе на сведочењето на Манев не треба да се дава големо значење, тоа е од збор до збор спремено од адвокат за евентуална помала казна. "Не знаевме дека се работи за девојче, требаше да биде возрасна жена, Палчо ми се закануваше на мене и мојата фамилија и затоа не смеев да се откажам, бев изненаден кога Палчо ги избрши убиствата, плачев додека ја копав дупката за Вања...", се е ова изјавено со цел да се добие помала казна, што секако не би требало да се случи.

Sent from my SM-S921B using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.710
Поени од реакции
20.335
Би го задавила со голи раце овој Видевски.
Не знаел зошто става нараквици, не знае каде го остави пиштолот, не знае кога е роден, абе копиле умноболно треба да го прекршат да не знае името да си го кажи
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.749
Поени од реакции
43.737
пополека стварите испливуваат на површина, и таткото не делува ни малце невино, со оглед на исказиве на карате кид. Кога ќе го тргнеш оној фалц на Манев за ќерката на фармацевтот, приказната има смисла прикаскава дека тој е умешан.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.799
Поени од реакции
60.714
Се вртиме во круг:

- Едно е да го тепале, и тој да рекол: еве ви информација, знаевме за девојчето бидејќи татко и му кажал на палчо* (ќе се навратам на ова)

- Друго е да го тепале: признај дека таткото на девојчето ви кажал. Еве ти слика, Александар се вика, признај.

Значи ова се две сосема различни работи, а според Манев, од него признание добиле на вториот начин. Ако и од каратистот го добиле на ист начин, целата таа изјава не значи ништо.

* Да се навратам сега на првото: еве да претпоставиме дека го признал тоа дури и без тепање:

1) Тој не е сведок дека тоа навистина се случило. Палчо така му рекол. А му рекол и други работи, како дека ќе добијат 150,000 евра, па 20,000 евра, дека нема никого да убијат, дека ќе ги кријат киднапираните во дупка, и многу други лаги. Зошто информацијата за таткото би била вистина, ако ги лажел за се друго?

2) Манев вели дека палевски ја следел жртвата 10 дена. Полицијата велеше ако не се лажам, дека имале неуспешен обид неколку дена предходно. Манев најверојатно лаже дека на сликата не било девојчето туку возрасна жена, ама кажува дека психото ја следел, дека прибирал информации и им ги покажувал.

Ова може да се изведе без никакво инволвирање на таткото кое е само ризик за психото. Тој очигледно си имал своја група на послушници на кои им верувал, свој тесен круг на луѓе. Мене таткото не ми се вклопува повеќе во оваа приказна. Имаа доволно време да најдат некаков контакт, пишан траг, повик, слика, било што...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom