Дали си имал воопшто работа со нашата полиција и судови? Посебно кога сакаат да се местат, тоа ти е едно испреплетено дувло со комуњарски менталитет со кодошење и местење меѓу самите себе, а недај боже некој трет да треба. Сум бил обвинет и осуден кривично чисто пошто така требало, ем полицијата виде кој е крив ама пошто бевме на 10 метри од настанот и си имаше другар замерено со полицајците и си кркавме.Па ти пишува дека не се објавени сознанијата, какви и да се. Јас ти викам цело време дека имаат нешто и дека не може за џабе да го држат во притвор година и пол, особено не на вака јавен случај. Ај нема везе ќе видиме после сведочењата на него и Палчо зашо пак ќе речам пред да почне судењето врска немавме за милион работи па отпосле ги дознавме, како на пример кога биле копани дупките, кој ги донел лопатите, дека бришел Палчо со ВД-40 траги итн итн.
И сведок сум бил каде виновник беше еден со чин во некои од специјалните единица и секако ќе сведочев ама полицаецот што се појави прв беше негов комшија и секако каурското да умре козата на комшијата. Уште фалеше да ни го испуши полицаецот за да дадеме изјава, покрај тоа што убаво ни ја скоцка изјавата да звучи како што треба за да убаво го опише настанот. Истата вечер воена полиција му собра оружјето и го суспеднираа. Епилог: Овој од специјалците се договори со оштетениот, неговата адвокатка со судиката, софра на полицаецот и извниување за некоја нивна закачка и молење(заедно со оштетениот) на мене и уште еден другар да сведочиме различно од изјавата. Му преков на оштетениот малку му беше, на суд реков не се сеќавам и дека не видов ништо и го ослободија. Ова се мои примери, какви глупости има и местења што ги знам.
Не викам дека е невин таткото, ама на полицијата може да им текне дека ајде овој да го спакуваме пошто глуми детектив и ќе ни наруши углед и да ги удри комплекс зашто се неспособни и да си речат "мора да е вмешани, неможе тој да го реши а ние да неможеме" и толку треба да му го уништат животот. Не е прв, ниту последен. Види само интервјуто на оној албанецот од обвинителите што го суспендираа што се не кажа како се местат обвинителите. А не пак некој трет.