И сеа две работи имаме откако сведочеше таткото:
1. Изјавава да му е нашминкана, особено делот со тоа дека тргнал кон Блаце, па после се вратил ради гужва, бла бла бла.
2. Се ова што го изјавил да е точно, и државава да цапна во уште едно дно, којзнае кое по ред, држејќи невин човек во притвор повеќе од една и пол година.
Доколу се покаже дека е невин, кои механизми ќе ги има таткото против државата? Претпоставувам ќе тужи и треба да земе оштета, мада у ситуацијава и милијарда евра не му значат ништо со оглед на тоа дека изгуби дете.
@FORZA ACM ако можеш и за ова поубаво да објасниш.
Околу твојата точка 1, сигурен сум дека изјавата му е спремна, ако под тоа подразбираш нашминкана. Има многу јак адвокат за да го пушти така на столчето за сведочење.
Јас не верувам дека таткото има кривична одговорност. На почетокот мислев дека е вмешан и дека има цврсти докази за давање информации, ама очигледно е дека такво нешто нема. Земајќи го ова предвид, кривична одговорност 99.9% нема никаква.
Е сега за другото не сум сигурен, додуша останатото и не е предмет на постапката. Колку сака некој нека не нарече традиционални или полни со предрасуди, сепак човек на 45-50 годишна возраст кој ништо не работи, зема пари од кирија од стан од сопругата, од мајка му, од роднини, има скини-врзи работно искуство, имал проблеми со дрога како млад, не е баш 100% на место човек. Велам не е на место, не дека соработувал да ја грабнат ќерка му. Во тоа пак ќе повторам, убеден сум дека не е крив и дека нема вина.
Јас и сведочењето на мајката кога го читав имав впечаток дека не кажува целосна приказна за бившиот сопруг и генерално за тоа кој познава, а кој не. Луѓето и немаат потреба да споделат се, особено што не е директно поврзано со настанот. Сепак, како за таткото така и за мајката, ова што им се случи е нешто најлошо што може да му се случи на некој што има деца. Полошо од се на светот, дури и полошо од тоа во Кочани што се случи. Да ти го грабне некој детето и да го убие, тоа е надвор од умот. Тоа е огромна болка и казна и што побрзо заврши судењево, толку полесно и подобро за сите, а најмногу за семејството.
Мене проблемот ми е што воопшто имаше толкав фокус на родителите, а помалку на некои други евентуално вклучени. Самите сведоци спомнаа некое сосема друго лице, јасно кажувајќи дека нема да му го споменат името. Самата состојба кажува дека во сложувалката недостасува некој дел, некоја друга страна, која помогнала, дала идеја, асистирала или барем знаела што се спрема.
И уште повеќе, ме ужаснува помислата уште колку вакви луѓе постојат, ги гледаме секој ден, разни битанги, отпадоци, луѓе без ништо да загубат во животот, желни за брза пара, лесен плен за манипулација, прости, голи и золи.
Пак ќе повторам, нека заврши што побрзо процесот, според мене никој освен главниот нема да поднесе жалба до апелација, ниту имаат пари, ниту имаат желба, особено тие двајцата што признаа се за време на сведочењето. Овој каратистов секако не поднесе никаква одбрана, и да се жали ќе му ја отфрлат милион посто.