Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
1 февруари 2009
Мислења
278
Поени од реакции
221
Може да им наштети my ass. Само ако се предозираш ќе наштети ама така може да наштети и бурек.
Самиот на себе си контрадикторен. Прво пишуваш може your ass, а потоа само ако се предозираш (значи пак може).
Може не значи дека 100% му штети туку дека има веројатност да му наштети. А сигурно поголема е веројатноста да наштети па и од бурек. А ако споредуваме вака како тебе некако малце дебилно ми е, барем Mayers има некакви аргументи, па со него може да се зборува, а тебе те буни и обичен збор може.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Абе човек, креатинот нашиот организам природно го произведува во црниот дроб и бурезите ти велиш ќе ги оштети. Креатинот ти е најиспитуваниот суплемент кој се користи во бодибилдинг, стотици студии се направени врз него низ целиот свет и со набљудување на маркери за работа на бубрезите, црниот дроб, срцето и другите органи и никвакви промени не се забележани се е останато во нормала дури и кај особите кои го земаат без престан на долг рок.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
278
Поени од реакции
221
Никаде не пишав дека е препорачливо за земаш трибулус (или друг вид на тестостерон booster) под 18 години. А дури и да земеш, освен акни, никаков проблем не би требало да има освен боже мој во ептен краен случај гинекомастија, но тој проблем може и да се јави природно и без користење на овој суплемент. Се зависи од нивото на тестостеронот.

И ќе те замолам да престанеш да бидеш толку неук. Не го сфаќам твојот комплекс и потреба да го лечиш на темава, но доколку ти не си во можност да си дозволиш да користиш суплементи, незначи дека се штетни или смртоносни, како што ги рекламираш ти.
Дали сум во можност или не ти тоа сигурно не го знаеш, а и не е тоа муабетот. Туку гледам дека не можеме да зборуваме повејќе па се повлекувам, а капиталистиве дека ве лажат тоа не е спорно :) дури има овци ќе има и волна.
--- надополнето: 26 април 2012 во 21:19 ---
Абе човек, креатинот нашиот организам природно го произведува во црниот дроб и бурезите ти велиш ќе ги оштети. Креатинот ти е најиспитуваниот суплемент кој се користи во бодибилдинг, стотици студии се направени врз него низ целиот свет и со набљудување на маркери за работа на бубрезите, црниот дроб, срцето и другите органи и никвакви промени не се забележани се е останато во нормала дури и кај особите кои го земаат без престан на долг рок.
Ајде уште ова, организмот го произведува но ти со додаток на креатин ја зголемуваш дозата на креатинот, па така не оставаш природно да се произведува односно се намалува природниот креатин, па покасно со престанок на земање на креатин твојот организам нема да лачи доволно креатин и пак си е*ан.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Дали сум во можност или не ти тоа сигурно не го знаеш, а и не е тоа муабетот. Туку гледам дека не можеме да зборуваме повејќе па се повлекувам, а капиталистиве дека ве лажат тоа не е спорно :) дури има овци ќе има и волна.
Македонија е надвор од системот на новото светско движење. Затоа и суплементите ни се толку скапи. Да бевме нечии овци, и да ни го окупираа мозокот со "срањата" од суплементи, досега ќе ги продаваа за багатела цена, се со цел повеќе да се продадат, а притоа ќе тврдат дека не се штетни.
Напротив, пред нова година беше донесен нов закон, и сите дури и оние со најмала штетност ги укинаа.
Сега ретко можеш да најдеш небезбеден суплемент.

Но, кога веќе збориме за штетноста на креатинот даден во примерот, и од негово предозирање, треба да знаеш дека и од премногу вода има штетни последици, односно труење со вода или познато под стручниот поим како хиперхидрација.
Што тоа кажува е дека ако испиеш 10+ литра во рок од еден саат, бубрезите неможат да ја создадат потребната рамнотежа и водата се прелева во другите органи. Понатака е веќе јасно што може да се деси.

Зборот ми е дека буквално се што е во големи количини е штетно, но во случајов ти си оној со испран мозок и одбиваш да го сфатиш и признаеш тоа.
Има неколку пробни студии и испитувања каде што се докажува дека во Америка, луѓето завршуваат на клиника и од витамин Б, повеќе одколку што има пријави за предозираност и неуко користење на стероиди.

За алкохолот и цигарите не ни сакам да отворам тема, годишно бројката во Америка достига и до 1 милион починати, која за разлика од стероиди е 5-6, но од суплементи сеуште никој не умрел. Но тоа е веќе друга тема.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ајде уште ова, организмот го произведува но ти со додаток на креатин ја зголемуваш дозата на креатинот, па така не оставаш природно да се произведува односно се намалува природниот креатин, па покасно со престанок на земање на креатин твојот организам нема да лачи доволно креатин и пак си е*ан.
Грешка си. Механизмот на контрола на креатин во телото е по негативна повратна спрега. По престанување на земање креатин истиот се враќа на синтетизирање на природното ниво по само неколку дена.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn=fit_articles_sub&cn=155577&c=10572 дали некој знае што се ова рогачи ете ги после мандарини на листата каде можам да ги најдам имаат гледам многу протеин на 100 грама 67 грама протеин не е за потценување а 300 Кило калории со тоа да внесиш
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Кое сирење е со најмалце масти и е вооедно и највкусно кај нас, еве пример во Тинекс.Кој го произведува?
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Кое сирење е со најмалце масти и е вооедно и највкусно кај нас, еве пример во Тинекс.Кој го произведува?
јас моментално користам безмасна урда, топ е само малце сол и ставаш и ја јадам за пред тренинг со макарони/шпагети.
--- надополнето: 28 април 2012 во 02:17 ---
Иначе моментално сум на добар режим на исхрана, симнав 5кг за месец ипол и задржав доста мускулна маса, имам уште малце за чистење. Еве го мојот FOOD PLAN:
доручек - 100-120гр. овесни снегулки со 1/2 доза Whey Rich Chocolate од Dymatize и 250мл. 0.5% млеко или 100-120гр. овесни снегулки со 200гр. 1% јогурт, или еден тањир палента со малце безмасна урда.
ужина - цеден сок од портокал/грејп/морков/јаболко и после тоа еден дозер протеин
ручек - порција ориз или компир со 250гр. стек или риба
понекогаш за ручек си правам макарони со мелено месо и урда
додавам и зелка салата зависи од ручекот, понекогаш и марула
2саати после тоа иде тренинг
ужина (после тренинг) - 1 банана и 1 доза протеин
вечера - 200-250гр. стек или туна со марула
пред спиење обавезно јадам салата со марула и 5 белки и минимум маслиново масло.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

Кул, а планот за вежбање како ти е?
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Кул, а планот за вежбање како ти е?
во моментов работам 5 дена неделно со тегови
пон - гради, стомак, кардио 30 мин
втор - грб
среда - кардио 30 мин
чет - раце, стомак
пет - рамо, кардио 30 мин
саб - нозе, стомак
недела - ден за одмор, ама може и некое водно да спукам сабајлечки

почнав да работам пред два месеци фитнес инструктор во тцц плаза и средив све со исхрана и тренинг, во секоја мускулна група убацувам суперсерии и до сеа добро иде.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
јас моментално користам безмасна урда, топ е само малце сол и ставаш и ја јадам за пред тренинг со макарони/шпагети.
--- надополнето: 28 април 2012 во 02:17 ---
Иначе моментално сум на добар режим на исхрана, симнав 5кг за месец ипол и задржав доста мускулна маса, имам уште малце за чистење. Еве го мојот FOOD PLAN:
доручек - 100-120гр. овесни снегулки со 1/2 доза Whey Rich Chocolate од Dymatize и 250мл. 0.5% млеко или 100-120гр. овесни снегулки со 200гр. 1% јогурт, или еден тањир палента со малце безмасна урда.
ужина - цеден сок од портокал/грејп/морков/јаболко и после тоа еден дозер протеин
ручек - порција ориз или компир со 250гр. стек или риба
понекогаш за ручек си правам макарони со мелено месо и урда
додавам и зелка салата зависи од ручекот, понекогаш и марула
2саати после тоа иде тренинг
ужина (после тренинг) - 1 банана и 1 доза протеин
вечера - 200-250гр. стек или туна со марула
пред спиење обавезно јадам салата со марула и 5 белки и минимум маслиново масло.
Me gusta , имаш доста протеини во исхраната , ништо чудно што си задржал мускулна маса :)

Само лично не би јадел риба пред спиење , не за друго потешко се дигестира и не ми делува добро на сонот. јас урда јадам пред спиење заради казеинот.
Инаку сличен режим на исхрана имаме , само насмето протеин ,користам BCAA.
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Me gusta , имаш доста протеини во исхраната , ништо чудно што си задржал мускулна маса :)

Само лично не би јадел риба пред спиење , не за друго потешко се дигестира и не ми делува добро на сонот. јас урда јадам пред спиење заради казеинот.
Инаку сличен режим на исхрана имаме , само насмето протеин ,користам BCAA.
брат веќе желудникот не ми реагира на тешка/лесна храна неам никакви проблеми со дигестијата сеа лапам и омега 3 со витамин Е секој ден, мултивитамин пијам, да земам плата ќе земам и БЦАА. зимам сега и SUPER PUMP 250 ми дава многу сила и не ми се тешки деновите на ваква диета. топ е бе топ :D
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
брат веќе желудникот не ми реагира на тешка/лесна храна неам никакви проблеми со дигестијата сеа лапам и омега 3 со витамин Е секој ден, мултивитамин пијам, да земам плата ќе земам и БЦАА. зимам сега и SUPER PUMP 250 ми дава многу сила и не ми се тешки деновите на ваква диета. топ е бе топ :D
јас 2 години не сум прекинал секојдневно да пијам Омега 3 :D

Витамини после тренинг , и тоа само од шумечи таблети по 1.

Моментално сум на HIIT кардио , супер сетови за рамо и раци , додека гради грб и нози правам 4 вежби , 3 серии со 3 повторувања.

Гледам некоја златна средина да одржувам помеѓу сила , маса и дефиниција.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Само што јадев еден интересен рецепт што го направив, па викам ај да го споделам со вас, ако сака некој да проба. Се прави за 10 минути и е одличен.

Состојки*: 1 интегрална тортиља
1 помал домат
100 грама сварен пилешки стек
2 парчиња "low fat" кашкавал
Босилек и оригано

Подготовка: Пуштете ја рерната да се загрее на 250 степени. Додека се загрева изрендајте (изблендајте) го доматот, и пробајте малку да го исцедите од водата, да остане сува пулпа само. Додадете му 1 лажичка оригано и 1 лажичка босилек. Тортиљата ставете ја во сад за печење (јас користам алуминиумски за една употреба), и намачкајте ја со претходно спремната смеса од домат. Врз тоа додајте го стекот исечкан на парчиња, а над него 2те парчиња кашкавал исто така иситнети на парчиња. Ставете во рерна и гответе некои 5-6 минути - додека да се стопи кашкавалот. На вадење, пропрскајте уште малку оригано од горе.

Оваа пица ќе ве "чини" околу 350 калории, со добар сооднос на јаглехидрати, растителни влакна, протеини и масти. Секако можете да додавате/одземате што сакате, по ваш вкус.

Пријатен апетит!

*сите овие состојки можете да ги најдете кај нас, не се некои амерички сра*а за кои ќе треба да се утепате од барање, затоа што состојките ги има во сите поголеми маркети.
Кај да најдам low fat кашкавал ?
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Ај за сирење ако сака некој да ми одговори :D И дали во Тинекс има кафеав ориз?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom