Дали сум во можност или не ти тоа сигурно не го знаеш, а и не е тоа муабетот. Туку гледам дека не можеме да зборуваме повејќе па се повлекувам, а капиталистиве дека ве лажат тоа не е спорно
дури има овци ќе има и волна.
Македонија е надвор од системот на новото светско движење. Затоа и суплементите ни се толку скапи. Да бевме нечии овци, и да ни го окупираа мозокот со "срањата" од суплементи, досега ќе ги продаваа за багатела цена, се со цел повеќе да се продадат, а притоа ќе тврдат дека не се штетни.
Напротив, пред нова година беше донесен нов закон, и сите дури и оние со најмала штетност ги укинаа.
Сега ретко можеш да најдеш небезбеден суплемент.
Но, кога веќе збориме за штетноста на креатинот даден во примерот, и од негово предозирање, треба да знаеш дека и од премногу вода има штетни последици, односно труење со вода или познато под стручниот поим како хиперхидрација.
Што тоа кажува е дека ако испиеш 10+ литра во рок од еден саат, бубрезите неможат да ја создадат потребната рамнотежа и водата се прелева во другите органи. Понатака е веќе јасно што може да се деси.
Зборот ми е дека буквално се што е во големи количини е штетно, но во случајов ти си оној со испран мозок и одбиваш да го сфатиш и признаеш тоа.
Има неколку пробни студии и испитувања каде што се докажува дека во Америка, луѓето завршуваат на клиника и од витамин Б, повеќе одколку што има пријави за предозираност и неуко користење на стероиди.
За алкохолот и цигарите не ни сакам да отворам тема, годишно бројката во Америка достига и до 1 милион починати, која за разлика од стероиди е 5-6, но од суплементи сеуште никој не умрел. Но тоа е веќе друга тема.