Користам Call&Surf Comfort 4 години, до пред 2 месеци имав Thomson TG-782 рутер со кој НИКОГАШ сум немал проблем со брзина или со паѓање на конекција. Значи секогаш сум имал максимална брзина колку што била за мојот пакет. За жал му дојде крај и на Thomson-от, почна да ми паѓа конекцијата и да се исклучува и уклучува сам, поради што морав да го сменам. Ми дадоа Speedport W 503V и сега немам максимална брзина. 8 Mbps е максималната, а јас имам 6,5 Mbps. Се јавив неколку пати и кој и да се јави исто ми вика, ко да им имаат напишано што да кажат. Цитирам "Од кај нас имате пуштено максимална брзина, 8 Mbps ви држи линијата, или е до кабелот или е до компјутерот, проверете вируси да не имате и сл.". 10 пати им кажав дека на ПЦ и на 2 лаптопа проверив, никаде не покажува повеќе од 6,5 Mbps, и дека сите можни сервери ги проверив на speedtest и дека на никој не покажува повеќе од 6,5 Mbps. Јас мислам дека е до рутерот, да не треба да прочепкам у gateway-от или сл.? Да не има некој искуство со ваков проблем, пошо стварно се напнувам секој пат кога ќе отворам speedtest, не може старо со ново да заменам и да биде полошо. Според мене, треба да биде подобро, нели.
Anyone?