СДСМ успеа да освои само 4 општини, од кои 2 (Вранешница и Дебарца) имаат по 400 гласачи, како и води по број на гласови во 6 општини , каде ќе има прегласување, значи вкупно 10 општини.
Но, сите тие се малечки затуцани општини, со по 2000-3000 гласови, како Берово, Демир Хисар итн, освен Карпош, Велес и Охрид.
ДПМНЕ освои 23 општини, а води во 23 општини, што представува победа во 46 општини.
СДСМ се радуваат како мува на гомно што ДПМНЕ имале 90% повеќе гласови од нив, а не 100% :pos2: Не можам да ги сватам СДСМ каква беда може да бидат.
СДСМ со четврти пораз до колена: ги губат и Штип, Гевгелија, Кочани..., а Заев не се ни појави во Скопје
Триесет и две од вкупно 84 општини ги добија своите градоначалници во првиот круг од петтите локални избори, а во 45 од нив ќе се одржи втор круг. По вториот круг ќе биде познат и новиот градоначалник на Скопје. Во првиот круг од изборите во главниот град најголем број на гласови освои градоначалничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За Подобра Македонија" - Коце Трајановски. Според Државната изборна комисија од излезените 226.466 избирачи, за Трајановски гласале 98.114 граѓани.
Со него во вториот круг влезе и кандидатот на СДСМ и НСДП Тито Петковски кој освои 57.568 гласови. Кандидатката на ЛДП Мирјана Најчевска освои 7585 гласови, а кандидатот и лидер на СДУ Лазар Еленовски доби поддршка од 5772 граѓани.
Владејачката коалиција За подобра Македонија", предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг извојува победа на Локалните избори во 23 општини. СДСМ и ДУИ освоија по четири градоначалнички места, а во една општина победата ја однесе Демократската Партија на Турците.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, всушност, ја задржа локалната власт во оние општини со кои и досега раководеше, а освои најмногу гласови и во неколку општини кои изминатиот период важеа за бастиони на СДСМ. Со ова најголемата владејачка партија доживеа уште потежок пораз од оној на локалните избори пред четири години.
Меѓу другите општини владејачката коалиција, во првиот круг однесе победа во: Прилеп, Битола, Штип, Кочани, Свети Николе, Квадарци, Неготино, Кичево, Валандово, Кратово. Иако СДСМ пред време се израдува за Аеродром, сепак власта и во оваа Скопска општина оди во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата повторно ќе има градоначалник и во Бутел, Ѓорче Петров, Илинден и Гази Баба. Социјал-демократите ја освоија локалната власт во Куманово, Струмица, Вранештица и Дебарца. ДУИ во Зајас, Осломеј, Дебар и Сарај, а ДПТ во Центар Жупа.
Градоначалниците меѓу другите општини ќе бидат познати во вториот круг, во Гевгелија и Кочани каде во водство е ВМРО-ДПМНЕ, Охрид и Велес каде водат кандидатите на СДСМ, Тетово, Струга и Сарај, каде најмногу гласови во првиот круг освоија кандидатите на ДУИ и во Гостивар каде во предност е независниот кандидат Руфи Османи.
Од Скопските општини на Петти април ќе бидат познати градоначалниците на Центар и Кисела Вода каде најмногу гласови освоија кандидатите на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Карпош, каде во водство е кандидатот на СДСМ и ЛДП и Сарај, Чаир и Арачиново каде во водство е ДУИ.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера изјави дека оваа партија има убедливо водство и во изборите за советници во најголемиот дел од општините.
- Дополнително водиме во 21 општина во првиот круг, каде во добар дел значително водиме. Тоа се вкупно 46 општини каде или победивме или водиме во првиот круг и има серизни шанси да победиме. Освоената победа е и голема обврска пред граѓаните бидејќи градоначалниците и советите ќе треба да ги исполнат нивните очекувања. Воедно ВМРО-ДПМНЕ во 55 општински совети има поголема поддршка од граѓаните, а СДСМ во 10. Тоа е добар резултат што и дава обврска на партијата, советниците и градоначалниците да работат максимално и да ја исполнат програмата што ја ветија, изјави Груевски