Игнорирање... Колку е успешно?

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
често користена метода кај женската популација ама често знае да им се врати ко бумеранг. јас популарно го нарекувам ,,праење пичка америчка". Воопшто не го сакам и ако налетам на ваков феномен , губам интерес за личноста ма колку сака нека ми се допаѓала , па после ако сака и виски нека и тече од брадавиците нема да ме заинтересира!
:smir:
 
D

Delux

Гостин
Дали кога некој ве игнорира го имате спротивниот ефект-таа личност повеќе да ве привлекува?
Или пак сте од оние што ако некој ве игнорира-го игнорирате и вие?
Секако, зборам за љубовни односи, привлекување, освојување и сл.

Дали сте го користеле овој „метод“ и како функционирал?
Дали сте биле во ситуација некој да ве игнорирал и тоа некако “магично“ да ве привлекува и заинтересира уште повеќе?

Поттикната од сликава
Zavisno do stepenot na ignoriranje,vo odredeni situaacii sam sebe psiholog za licnosta da se trgne linija,tie se sitni momenti koga koga mozes da izvleces tocna misla dali navistina si posakuvan ili samo istaknuvanje na licna sueta.
i tuka ke kazam ne me ignoriraj,deka ne ti deluva kako metod:)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Можеби во некој претходен живот, но во овој не. Ако некој магично ме привлекува и игнорира, може да се потрудам да привлечам внимание до некои мои граници. Секако ако нема резултат, би ми било криво ама нема да продолжам да го мислам и чувствувам истото за него. Само по себе ми доаѓа. Ако тој мисли дека јас не сум вредна за да ми се посвети, ми дава до знаење дека тој е уште помалку вреден за истото. Не се преценувам, но затоа и не летам кога избирам кого сакам околу себе.
Од друга страна јас не игнорирам. На страна оние слатки меѓусебни финти, кои ваљда секој ги применува. Намерно или со некаква поголема цел никогаш не игнорирам некој што ме интересира и знам дека тоа е обострано. Друг муабет е ако заинтересираниот не ме интересира. Тогаш не го игнорирам туку му се губам од видик.:toe:

п.с. Сликата сигурно припаѓа на некој напатен човек, кој неможејќи да си објасни некои работи, се потрудил на некој начин да ги омаловажи сите жени на светов.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Ова држи вода, ама само навидум е така. И за да освоиш некого со игнорирање треба да знаеш како, колку и кога што да направиш. Плус што треба другата личност да има некои симпатии спрема тебе, а тоа нема да се случи со тотално игнорирање. Комбинација од плус-минус-плус и еден куп други фактори е формула за успех, за некој тоа е ко два и два, за некого ко квантна физика. Сепак најдобро е да се биде свој :)
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Може пали “методов„ ама не тотал игнор туку онака топло-ладно игра.
Мене ова ме нервира ама понекогаш ме фаќа некој инат и си поставувам цел, кога ќе си поставам некоја цел ја остварувам, сепак не сакам после тоа да имам нешто со таквиот фраер што ќе ме игнорира, ќе го заведувам и кога ќе проба да има нешто со мене ќе се повлечам.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Eпа ја пошо сум теле неупорно, ако ме игнорира некоја ич нема да запали, напротив ќе си се полвечам заувјек.

А ми палело кај женски 100% сигурност (dojava free :icon_lol:) ама не се користам со такви „финти“ поши ми е ектремно досадно и детски да играм топло ладно и слични игри. Да/Не
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
22
Поени од реакции
0
Smo sto osetiv takvo nesto . Decko mi posle dve godini odenje pocnue da se uspiva bez da mi se javi a toa ni bese kako eden vid tradicija. I toa e nesto kako ignoriranje- jas prasav sto mu e toj:nisto. Ama se osekja toa. Sea i jas malku ke oladam da vidime dali ignorot ke ima efekt.:toe:
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Smo sto osetiv takvo nesto . Decko mi posle dve godini odenje pocnue da se uspiva bez da mi se javi a toa ni bese kako eden vid tradicija. I toa e nesto kako ignoriranje- jas prasav sto mu e toj:nisto. Ama se osekja toa. Sea i jas malku ke oladam da vidime dali ignorot ke ima efekt.:toe:
Немој. Ако ти значи дечко ти, немој! Не пали кај секого игнорот, а не ти препорачувам експериментирање. Подобро седнете и разговарајте на оваа тема, него да си заебиш врска без потреба.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Дали кога некој ве игнорира го имате спротивниот ефект-таа личност повеќе да ве привлекува?
Или пак сте од оние што ако некој ве игнорира-го игнорирате и вие?
Секако, зборам за љубовни односи, привлекување, освојување и сл.

Дали сте го користеле овој „метод“ и како функционирал?
Дали сте биле во ситуација некој да ве игнорирал и тоа некако “магично“ да ве привлекува и заинтересира уште повеќе?

Поттикната од сликава

Драга професорке, кога некој ме игнорира, тоа ме иритира. Особено ако се работи за некоја која ми се допаѓа доста. Иритацијата, логично, ме тера да се оддалечам уште повеќе од таа личност.
Досега го немам користено методов, ако може ова воопшто да се нарече метода на фаќање, а не ни планирам. Премногу детски ми делува тоа, иако на дневна база го практикуваат огромен дел од допадливото население.
Што постигнува тој дел од населението со користење на ова?
Како што спомнаа погоре, кај некои контра-реакција, во смисол игнорирање, кај некои пали, па игнорираната странка се чувствува уште попотпалена, итн. Зависи од човекот, односно жртвата.

Што се однесува до "Дали сте биле во ситуација некој да ве игнорирал и тоа некако “магично“ да ве привлекува и заинтересира уште повеќе?", мојот одговор е не. Иритацијата нема ни блага врска со привлекувањето. Ама... ме имаат игнорирано. Сега, не знам дали поради тоа што тоа им било начин на привлекување на потенцијални мажјаци, или поради тоа што не сум и` се допаднала на таа конкретна личност... А нема ни да дознам, немам намера да бркам девојки кои сакаат ама воедно и нејќат да бидат бркани.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Треба да се земе на ум кого се игнорира не може тоа да е стандарт ,,метод"
за привлекување, туку баш кај одредени луѓе во одредена ситуација. Обично тоа треба да се примени кај луѓе кои сакаат да се центар на внимание или го добиле тоа од вас па сега сакате да свртите ситуација и да биде обратно.
Како и да е, и да има ефект тоа би било само за многу кратко време, на кој му е интересно цело да гледа цело време во нечиј грб?
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Kaj mene ignoriranjeto nema sprotiven efekt,bas naprotiv dokolu me ignorira jas uste tolku poveke ke go ignoriram :toe:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Па зависи за какво игнорирање се работи и од интензитетот на тоа игнорирање. На пример далеку од успешно е игнорирање при освојувањето, освен за оние "разгалени принцези" од филмовите кога ќе се заљубат во некој кој ќе им го наруши егото. Во реалниот живот не сум видела таков случај.
А игнорирањето во една љубовна врска може понекогаш да биде успешно за заживување во врската. Е сега тоа зависи од интензитетот на игнорирањето, односно само доколку истото се сведи на мала незаинтересираност, незабележување, недостаток на внимание, но зависи и од карактерот на игнорирачот и игнорираниот.

Еве пример: ако дечкото некое време не ти обрнува внимание, наместо постојано да го молиш да излезете, да направите нешто ново и интересно, настапи и ти со иста мера, излегувај си со другарките, не возвраќај некое време на смс, па видел-невидел ќе те побара пак и ќе проба да те освои одново. Некои машки (или женски, сеедно) се навикнати на постојано внимание кое не го ценат доволно, се' додека не го изгубат (барем за момент).
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
мразам да ме ингорираат премногу ме нервира... но ако знам дека тоа ингорирање е со цел да ме нервира еден вид игра не дека не сака да зборува со мене .. тоа не нешто лошо... уште побеќе ме привлекуваат т.е да докажам дека не ме нервираат.. и повеќе би сакал да ми кажат влице дека не сакаат да им зборувам или ги замарам од колку да ме ингорираат
 
M

MIL

Гостин
Ignoriram samo koa ke mi dojdi se preku glava i ako sum isprovociran od nesto togas ne vnimavam :tapp:
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Не сум го употребила овој "метод", а и не верувам дека некогаш ќе го употребам, едноставно кога ми се допаѓа некој и имам шанса да бидам со него, зошто би ја упропастила? Доколку некој што ми се допаѓа ме става на игнор и не ми дава никакви знаци дека му се допаѓам и јас на него, во принцип брзо се откажувам од него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom