Игнорирање... Колку е успешно?

T

theTinule

Гостин
Игнорот пали све додека не се зближам со него. После..:nenene:
Има да трескам врати и телефони и да летаат шамари при секое игнорирање :) хахаха (преуваличав али..нешто така само поблаго)
Многу мразам некоја другарка коа ќе ме изигнорира,а неголи па не дај Боже да му се деси на дечко ми да му падне на памет да напраи такво нешто!:pishtoldz
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.713
Поени од реакции
13.404
Според моја филозофија.... не. Ако сака да има нешто со тебе барем малку ќе пушти „водичка“ за да те заинтригира. А глумењето на незаинтересираност лесно се препознава. Тој/таа упорно ќе ти меле дека не е заинтересиран дури и кога ти не превземаш некои крупни чекори.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ја да си кажам.:)
Ептееен ми е интересен некој ако нагло почне да ме игнорира, почнувам повеќе да се трудам околу таа личност, интересна ми станува и сакам да знам зашо наеднаш со игнорот..
Така да кај мене оваа метода е бааги успешна.
Секако, ако ми е личноста што ме игнорира интересна или ако ме привлекува..
Ако некој на прво-второ глеање у живот ме игнорира не многу се замарам..
Ама со тек на време игнорирањево ми станува досадно, почнува да ме иритира ја да се трудам околу тој некој, а он да се зеза и да си пуни его со моето притресување...
Или е или не е заинтересиран, игрите на топло-ладно стануваат нервозни.

И да, сум игнорирала чисто да видам дали таа личност ќе примети нешо и некогаш и ми било доказ дека на таа личност и значам чим глеа дека нешто не е океј, ама не траело долго тоа зашо ако некој ми значи нема да ме мачи или да го мачам.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Па многу ми пречи игнорирањето. Ќе се обидам да привлечам внимание, но кога ќе видам дека со сила убавина не бидува се повлекувам. Ме боли тоа што некој кој ми значи ме игнорира, но кога не бива - не бива. Се се пребродува во животот па и игнорирањето од саканата особа:pipi:
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Мене кога ме игнорираат , тоа ми предизвикува желба и јас да ги игнорирам нив . Автоматски контакт е невозможен .
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кај мене таа магија оди по овој редослед:
-Ми се допаѓа(физички и интелектуално),сакам да го добијам,сфаќа дека сум премногу заинтересирана и добивам игнор :) И од тука натаму легнувам болна,се разбира до одреден степен,додека не го отерам у три лепи м.....Значи игнор како комбинација секогаш успевало кај мене,кога јас се пуштам некому.Ако некој мене ми се додворува,немам никаков интерес,морам прва да почнам иначе се губи магијата :)
Тоа „игнор“ подразбира понекогаш и убав збор,сигурно нема да се мава некој од земја за џабе.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Има bug сликата од првиот пост. Две етапи се, првата се бира од едно од тријаголничињата, а втората е игнорирањето. И тогаш добиваш комплетен успех. Само што и оваа теорија има Bug. Ретко успева кај луѓе кои имаат богат социјален живот. Нормално, и кај нив важи истиот правилник, и може да се постигне ефектот ама треба првиот тријаголник да биде запрепастувачки импресивен.

Јас, нормално дека ме боцка игнорирањето, како и сите на светот, кој тврди поинаку лаже. Човечка особина е тоа, да се заинтересира за несфатливото, да го побара она кое не може да го има, да се бори за успехот кој го нема. Затоа секогаш во врските има еден партнер кој е скот, врска во која партнерите се предобри еден спрема друг, нема да опстои долго време, мора да има предизвик.

Сепак, искрено, јас не знам да го ставам тој игнор на места каде треба. Кога некој ми се допаѓа го кажувам тоа јасно и гласно. Ако сум тивок, некаде нешто не е како што треба, и не играм игри. А баш би сакал да можам да контролирам кого да игнорирам. Најчесто оние кои не заслужиле добиваат грд третман од мене. Би си врзал шамар да можам за таа моја дебилна особина.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Обично игнорирам личности кои се досадни и не знаат да си постават граница кога да престанат. Инаку кога мене ме игнорираат обично начекувам момент и враќам дупло а во моментот кога сум игнориран се повлекувам.:)
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Обично игнорирам личности кои се досадни и не знаат да си постават граница кога да престанат. Инаку кога мене ме игнорираат обично начекувам момент и враќам дупло а во моментот кога сум игнориран се повлекувам.:)
Исто.Само што кога ќе ме игнорираат покрај тоа што се повлекувам уште го пратам игнораторот за да можам да му вратам после.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Добро е да игнорираш некогаш, ама лошо е да те игнорира некој , така да никако нечини :)
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
..искрено кажано,неможам да трпам некоја да ми комплицира до таа мера за да мора да правам некои стратегии за да ја задржам...да си играм играчки со игнорирање, па ладно топло и остали бљувотини...тоа да, али у средно трета година...единствено што може да предизвика тоа кај мене е крајна одбивност кон девојката како личност
...а за вон врска ондак е све едно...и зависи од ситуација до ситуација
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.507
Мислам дека прчењето на носот, овај игнорирањето не функционира многу добро.
Или ќе испаднеш кучка, или повлечена многу, или најверојато не ме привлекуваш или не ми се свиѓаш.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Хммм во мојот случај не е успешно. Затоа што кога сум ставена на игнор тоа не ме привлекува повеќе, напротив ме оладува. Еднаш си дозволувам да прашам што е работата, ако не добијам одговор продолжувам понатаму. Порано ми беше интересно и ме копкаше зашто некој ме ставил на игнор. Сега веќе не. Свесно знам дека тоа е само глупаво средство за побудување на интерес кај мене. Тоа време потрошено на игнорирање без разлика дали јас игнорирам или ме игнорираат, го трошам на попродуктивни работи.
 
Член од
6 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
1
pa igno riranje moze da bide od nekolku pricini da mu obratiss vnimanie na doticniot ali indirektno ili pa da go ignoriras i da ne ti e gajle e sea tuka treba da se vidi stepenot na ignotiranje kade vo nekoi situacii pak ima mali sansi da e pozitino vo zavisnost od situacijata e sea moze da zavisi od toa kolku ide vo nagorna linija idnosno dali ima efekta ako nema efekt togas ignoriras do kraj i ne se zamaras so nisto zavisi od situacija do situacija. Es sea kaj mene licno toa e negativen efekt odnosno koa ignoriram ili me ignorirat ja se povlekuvam i ic ne me zamara toa ima kontra efekt:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom