Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Можеби дискусијава непотребно се сконцентрира на тебе меѓутоа ставовите ти беа потценувачки во однос на оние жени кои не се согласија со тебе.Јас не се противам на бракот. Туку велам дека ќе го пролонгирам до кога што мене ќе ми одговара, притоа тоа несметајќи го за малформација ниту пак дефицит на нешто. Не ми е потребен лист хартија за да бидам жена, мајка, снаа...Бракот е обврска која не мора да ја имам, додека не посакам.
Јас стварно не сфаќам што е лошо да си сакаш кариера?
Моето мислење се разликува од твоето во однос на “чекањето“, сметам дека можеш да ја градиш кариерата, рамноправно со мене и истовремено да бидеме во брак или да се одлучиме за правење деца.
Добивам впечаток како да планираш кариера на оперска пејачка, претендираш на превземање на некоја милионска корпорација, освојување медал на Олимпијада и сл. за да бидеш толку ограничена на “градењето“ кариера.
А бракот конкретно, без да подразбира деца, неможам да разберам како би те ограничувал.
Во иста конотација можам да ја вметнам и обичната врска, која според овие ставови исто така би ти правела проблем, со една разлика што полесно би можела да ја прекинеш.
Како амбасадор на машката волја декларирам од името на сите мажи дека ние преферираме уличарки, евентуално келнерки во некој помал локален бар. :nenene:Вие мажите не трпите амбициозни жени. Што не се зимате вие на 20 години бе? Чекате 35 да начукате...
Пак од мене лично ќе тргнам, мене ми е потребна амбициозна жена како мотивација, меѓусебно бодрење, па затоа многу ги почитувам пожртвуваните жени кои успеваат во тоа што го работат.
Доколку земам предвид дека пред година дена се бев заверил(23), апсолутно не важи возрасната граница кај мене )
Едноставно инстинктот го води човекот, да “знае“ дека да ете тоа е девојката за мене и би сакал да ја имам покрај мене.
Доколку би имал моќ идеално да си го проектирам животот и да бидам сигурен дека до 30тата ќе бидам заситен од животот, па ќе посакам баш тогаш да ја сретнам идната жена, можеби и би се осеќал комфорно до тој момент да избегнувам сериозни врски и да си пролонгирам планови за заеднички живот. Но, ја немам таа моќ и незнам каде ќе бидам за година, две...5,6 итн.
Затоа го живеам животот сега, не оставам на “после“.