Зошто интелигентните луѓе се понесреќни?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас сметам дека духовната интелегенција е причинител за депресија и разочараност.Доколку степенот на интелегенција ви е екстремно висок и сте способен да бидете придвижател на напредни идеи кои денес најчесто се наоѓаат во областа на технологијата не значи дека ќе западнете во ваква духовна каша.
Има една вистинита реченица која безброј пати сум си ја потврдила-Колку повеќе знам толку потешко ми е.
Најчесто луѓето се научени да функционираат механички,стани оди на работа,седи со пријателите,гледај тв ,јади легни си и пак одново,саатницата во денот ја исполнуваме со активности кои кога човек малку ќе подразмисли се дури и бизарни и не водат кон изолација од опасните прашања.
Духовно интелегентниот човек не функиционира така,тој размислува критизира,најчесто овие личности имаат навистина необично однесување и водат поинаков вид на разговор.Тоа е како да бидете затворени во самица,можете да си ги чуете само сопствените мисли,таквиот човек постојано води разговор во самиот себе и накрај ништо му нема смисла.
На моменти дури човек да се запраша дали механизираниот начин на живот во кој си ја одмораме душата и главата преку банални проблеми и активности е подобар од животот на духовно интелигентна личност која не може да раговара со секого зашто е несфатена и се измачува со прашања во бесконечност.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Не за џабе рекле, лесно ти е без памет.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
оти мислат многу ......што да направам сега, што да речам, ова вака беше уствари не онака......се замараат со непотребни работи и не можат да уживаат во животот
 

Pl.

Pl.
Член од
16 јули 2009
Мислења
566
Поени од реакции
62
затоа што повеќе размислуваат од другите
 
Член од
26 април 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Еј ChocolateBuddha и RocknRolaa,абе мислењава што се ги напишале од моја глава да не ги извадивте?:wink:
психолог ова поубаво немаше да го каже
ептен се сложувам и даваат одговор на мнпгу мои прашања
Значи БРАВО! :aplauz::zver::zver::cuc:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Не сум прочитал ниеден пост погоре, и незнам како се одвива муабетов, моја теорија:
Поинтелигентен човек, знае дека е способен, знае дека многу може да постигне, да успее и затоа од секој успех е незадоволен, зошто знае дека може повеќе од тоа. ,,Понеинтелигентен‘‘ човек се задоволува со помалку, и не му треба многу зошто всушност и нема потреба од многу.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јас сметам дека духовната интелегенција е причинител за депресија и разочараност.Доколку степенот на интелегенција ви е екстремно висок и сте способен да бидете придвижател на напредни идеи кои денес најчесто се наоѓаат во областа на технологијата не значи дека ќе западнете во ваква духовна каша.
Има една вистинита реченица која безброј пати сум си ја потврдила-Колку повеќе знам толку потешко ми е.
Најчесто луѓето се научени да функционираат механички,стани оди на работа,седи со пријателите,гледај тв ,јади легни си и пак одново,саатницата во денот ја исполнуваме со активности кои кога човек малку ќе подразмисли се дури и бизарни и не водат кон изолација од опасните прашања.
Духовно интелегентниот човек не функиционира така,тој размислува критизира,најчесто овие личности имаат навистина необично однесување и водат поинаков вид на разговор.Тоа е како да бидете затворени во самица,можете да си ги чуете само сопствените мисли,таквиот човек постојано води разговор во самиот себе и накрај ништо му нема смисла.
На моменти дури човек да се запраша дали механизираниот начин на живот во кој си ја одмораме душата и главата преку банални проблеми и активности е подобар од животот на духовно интелигентна личност која не може да раговара со секого зашто е несфатена и се измачува со прашања во бесконечност.
Ако зборуваме за интелигентни луѓе,веројатно одговорот лежи во балансот.Периоди на работа и на притисок, но и периоди на целосно опуштање...

Инаку мислам дека среќата не е во корелација со интелигенцијата, бидејќи секојдневно можеме да видиме неинтелигентни луѓе кои не се воопшто среќни...се поставува прашање кој е воопшто среќен во денешно време...:toe:
Соочени со притисокот од средината и можноста/неможноста да се реализираат многу паметни луѓе запаѓаат во чудни ситуации...

Со сигурност може да се тврди дека на неинтелигентните им е на некој начин поудобно и имаат помалку дилеми со себеси и средината.Посреќни? Се сомневам...колку е среќен просечен рудар или чистач или работничка во текстилна фабрика (не велам дека овие категории на население се тупи и глупи,но ретко се on the forefront of human endeavor ...) можеме само да шпекулираме но барем гору долу знаеме дека кај било која класа луѓе постои несреќа,разликата е во бегството од реалноста, побогатите имаат поширок асортиман на средства за бекство од реалноста, а посиромашните помал...

Имаше една слична тема...

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=44291&highlight=%E7%ED%E0%E5%9C%E5+%E8%E3%ED%EE%F0%E0%ED%F6%E8%BC%E0
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Многу е едноставно прашањето, како прво и најосновно интелегентен зборот е доста релативен, ама ете да речеме дека има некаква граница и ако некој е интелегентен тогаш тој ќе размислува околу животот што направил што треба да направи, како да постапува како да си го организира времето и останато, околу себе ете да речеме гледа неинтелегентни луѓе кои живеат од ден за ден, ги гледа дека се среќни дека ништо посебно не бараат од животот само здравје и да се живи, за разлика од него, тоа пред се мислам дека го прави несреќен, и да постигни повеќе од нив никогаш нема да има граница што повеќе постигнува и што повеќе се надоградува не му е доволно. Не мора да е точно моето мислење ама мислам дека е така , земете еден прост пример сигурно познавате некои луѓе кои ете да речеме според вас се неинтелегентни, секогаш се посреќни затоа што не се секираат за ништо опуштени се во принцип не ни сакаат да го организираат ни времето не ни размислуваат за иднината само живеат. Затоа БУДА рекол "да бидеме среќни и благодарни затоа што ако денес не сме научиле ништо барем, барем сме научиле малку, а ако не сме научиле ништо барем не сме се разболеле, а ако сме се разболеле барем не сме умреле затоа да бидеме среќни и благодарни во секој миг од животот"
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
...зошто премногу (за сенешто) мислат. Пократок и повистинит одговор-амин :toe:
За се да се мислело, се да се разглобувало... И сакаш среќен да си? Епа нема де, си комплицираш се :nesum:
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Среќата кај интелигентни луѓе е најретко нешто што го познавам.
-Ernest Hemingvej, автор и новинар Нобеловец
Среќата кај интелигентните луѓе постои. :)

Хемингвеј, кој си го одзел сопствениот живот во 1961, сигурно имал импресивен увид и во интелигентни луѓе и во несреќа. Преживеал две светски војни, Големата Депресија, четири сопруги и безброј пропаднати романтични врски кои не му помогнале да стане среќен, доколку воопшто знаел како.
Важен момент во пасусот. Зошто му пропаднале врските? Зошто се самоубил? Дали тоа наведува на фактот дека не знаел што сака во животот?
Западното општество не е создадено да ги третира интелигентните деца и возрасни онолку добро колку што ги третира на пример спортистите. Наспроти светски познати фаци од калибарот на Алберт Ајнштајн, постојат и огромен број на екстремно интелигентни луѓе што се занимаваат со професии кои се сметаат за ниско ниво. Ова може да се потврди со ревизија на листите на членови на Менса (друштво на најинтелигентните два проценти од светската популација).
Првите две реченици се малку контрадикторни.

Образовните системи во земји чиј основен интерес е акумулација на богатство, стимулираат херои во филмови, војна и спорт, но не и интелектуален развој. Супер-интелигентните луѓе можат да се искачат до некаде, но многу ретко можат да се најдат на самиот врв на деловната или социјалната скала.
Да, можат. Тоа не значи дека ќе бидат медиумски експонирани (филмови, музика, тоа е шоу бизнис).

Децата се развиваат долж четири текови: интелектуален, физички, емоционален (психолошки) и социјален. Во училниците, најпаметните деца најчесто се изоставени од колективните активности од страна на останатите деца. Ги сметаат за „чудни“, за гикови и тие се социјални аутсајдери. Со други зборови, тие не се развиваат социјално како што се развиваат интелектуално.
Обично кај децата кои поседуваат помал интелектуален капацитет се јавува чувство на инфериорност во однос на поинтелигентните. Тие тогаш ги изолираат интелигентните деца од друштвото. Но, со возраста, голем број на личности со пониска интелигенција ги сфаќаат бенефитите од комуникацијата со поинтелигентните.

Нивниот емотивен развој, карактеризиран од нивната способност да се справат со ризични и стресни ситуации, особено во подолг временски период, исто така каска позади просекот.
Не е така. Интелигентните личности можат лесно да се справат со емоционалните проблеми, бидејќи ќе знаат да ги увидат причините. Секако ова е веќе во доменот на емоционалната интелигенција.

Возрасните обично веруваат дека интелигентните деца можат да се справат со се’, затоа што се интелектуално супериорни. Ова неизбежно вклучува и ситуации за кои интелигентните деца немаат нити знаење нити вештина во поддршка на сопственото искуство. Тие мораат сами да пребродат тешки периоди. На возрасните не им е јасно дека на интелигентните деца им е потребна помош, а другите деца не сакаат да се асоцираат со децата за кои што социјалните лидери велат дека се аутсајдери.
Добро овој пасус веќе наликува на тоа дека да си интелигентен = да си болен.

Како резултат на тоа, голем број на високо интелигентни луѓе заостануваат во социјалниот развој во однос на мнозинството и имаат проблем при справување со стресовите кои животот му ги приредува секому. Не би требало да е изненадување фактот дека огромното мнозинство на затворската популација се социјално и емоционално недоразвиени или погрешно развиени луѓе, додека просечната интелигенција им е поголема од нормалата.
Не е вистина. Тоа важи само доколку примероците на интелигентни луѓе што биле разгледувани пателе од некое друго психолошко пореметување. Или доколку средината во која растеле не била здрава средина.

Ситуацијата можеби се подобрува во овој век, затоа што гиковите добиваат признание како луѓе со голем потенцијал, особено како луѓе што можат да направат богатство во светот на висока технологија. Гиковите можеби се социјално поприфатени одошто во минатото, но доколку не добијат поголема помош во нивниот социјален и емоционален развој, повеќето се осудени да бидат несреќни како што созреваат во светот на возрасните.
Има разлика меѓу гик и интелигентен човек. Токму ваквото мислење е опасен проблем во денешното општество. исто како што се поситоветува кај нас бубалица = интелигентен човек.

Високоинтелигентните лица, без разлика дали се деца или возрасни, сеуште се сметаат за социјални аутсајдери во повеќето ситуации, вклучувајќи ги тука и нивните способности да бидат добри сопружници и родители.

Уште повеќе, тие најчесто гледаат повеќе трагедија во заедниците и државите во кои живеат и во светот, за разлика од просечните луѓе, чии главен извор на информации се комичните серии на телевизија. Трагедија се наоѓа полесно од сочувство, иако сочувството веројатно го има во поголема количина во повеќето заедници.
Заблуда. Незнам од каде е изваден текстот или врз основа на какво истражување е напишан. Само можам да кажам дека дава тотално погрешна слика за животот на интелигентните луѓе.
Колку да се разбереме интелигентен човек не опфаќа само човек кој знае да решава задачи/човек кој е добар ученик. Интелигенцијата е многу повеќе од тоа и има различни аспекти.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Го разбираат светот што ги опкружува.
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Зошто интелигентните луѓе се понесреќни?

Затоа што можат да решат многу проблеми за разлика од нискоинтелегентните (глупчовците) додека уживаат и затоа многу се замарат но на крај никој не го цени тоа и се разочаруваат и паѓат во тешка депресија и си барат некоја занимација и се опседнуваат со неа и забораваат на задоволството :)

Барем така е на филмовите :pos2:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Во постот над мене се е кажано,значи поинтелегентните луге се замараат со проблемите,се нафакаат и за најмалиот детал...ама кој полов орган ако не ти се исплака,ти си трошиш време за џабе,другиот си свирка а ти се нервираш.
Секогаш е така.
Мака ми е од оние кои не сакаат да го решат проблемот,сакам да кажам дека секогаш едната личност се залага да се реши проблемот а од друга страна другата личност е незаинтересирана.И кој на крај испага крив?

Тој што се обидува да го реши проблемот секако...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom