Среќата кај интелигентни луѓе е најретко нешто што го познавам.
-Ernest Hemingvej, автор и новинар Нобеловец
Среќата кај интелигентните луѓе постои.
Хемингвеј, кој си го одзел сопствениот живот во 1961, сигурно имал импресивен увид и во интелигентни луѓе и во несреќа. Преживеал две светски војни, Големата Депресија, четири сопруги и безброј пропаднати романтични врски кои не му помогнале да стане среќен, доколку воопшто знаел како.
Важен момент во пасусот. Зошто му пропаднале врските? Зошто се самоубил? Дали тоа наведува на фактот дека не знаел што сака во животот?
Западното општество не е создадено да ги третира интелигентните деца и возрасни онолку добро колку што ги третира на пример спортистите. Наспроти светски познати фаци од калибарот на Алберт Ајнштајн, постојат и огромен број на екстремно интелигентни луѓе што се занимаваат со професии кои се сметаат за ниско ниво. Ова може да се потврди со ревизија на листите на членови на Менса (друштво на најинтелигентните два проценти од светската популација).
Првите две реченици се малку контрадикторни.
Образовните системи во земји чиј основен интерес е акумулација на богатство, стимулираат херои во филмови, војна и спорт, но не и интелектуален развој. Супер-интелигентните луѓе можат да се искачат до некаде, но многу ретко можат да се најдат на самиот врв на деловната или социјалната скала.
Да, можат. Тоа не значи дека ќе бидат медиумски експонирани (филмови, музика, тоа е шоу бизнис).
Децата се развиваат долж четири текови: интелектуален, физички, емоционален (психолошки) и социјален. Во училниците, најпаметните деца најчесто се изоставени од колективните активности од страна на останатите деца. Ги сметаат за „чудни“, за гикови и тие се социјални аутсајдери. Со други зборови, тие не се развиваат социјално како што се развиваат интелектуално.
Обично кај децата кои поседуваат помал интелектуален капацитет се јавува чувство на инфериорност во однос на поинтелигентните. Тие тогаш ги изолираат интелигентните деца од друштвото. Но, со возраста, голем број на личности со пониска интелигенција ги сфаќаат бенефитите од комуникацијата со поинтелигентните.
Нивниот емотивен развој, карактеризиран од нивната способност да се справат со ризични и стресни ситуации, особено во подолг временски период, исто така каска позади просекот.
Не е така. Интелигентните личности можат лесно да се справат со емоционалните проблеми, бидејќи ќе знаат да ги увидат причините. Секако ова е веќе во доменот на емоционалната интелигенција.
Возрасните обично веруваат дека интелигентните деца можат да се справат со се’, затоа што се интелектуално супериорни. Ова неизбежно вклучува и ситуации за кои интелигентните деца немаат нити знаење нити вештина во поддршка на сопственото искуство. Тие мораат сами да пребродат тешки периоди. На возрасните не им е јасно дека на интелигентните деца им е потребна помош, а другите деца не сакаат да се асоцираат со децата за кои што социјалните лидери велат дека се аутсајдери.
Добро овој пасус веќе наликува на тоа дека да си интелигентен = да си болен.
Како резултат на тоа, голем број на високо интелигентни луѓе заостануваат во социјалниот развој во однос на мнозинството и имаат проблем при справување со стресовите кои животот му ги приредува секому. Не би требало да е изненадување фактот дека огромното мнозинство на затворската популација се социјално и емоционално недоразвиени или погрешно развиени луѓе, додека просечната интелигенција им е поголема од нормалата.
Не е вистина. Тоа важи само доколку примероците на интелигентни луѓе што биле разгледувани пателе од некое друго психолошко пореметување. Или доколку средината во која растеле не била здрава средина.
Ситуацијата можеби се подобрува во овој век, затоа што гиковите добиваат признание како луѓе со голем потенцијал, особено како луѓе што можат да направат богатство во светот на висока технологија. Гиковите можеби се социјално поприфатени одошто во минатото, но доколку не добијат поголема помош во нивниот социјален и емоционален развој, повеќето се осудени да бидат несреќни како што созреваат во светот на возрасните.
Има разлика меѓу гик и интелигентен човек. Токму ваквото мислење е опасен проблем во денешното општество. исто како што се поситоветува кај нас бубалица = интелигентен човек.
Високоинтелигентните лица, без разлика дали се деца или возрасни, сеуште се сметаат за социјални аутсајдери во повеќето ситуации, вклучувајќи ги тука и нивните способности да бидат добри сопружници и родители.
Уште повеќе, тие најчесто гледаат повеќе трагедија во заедниците и државите во кои живеат и во светот, за разлика од просечните луѓе, чии главен извор на информации се комичните серии на телевизија. Трагедија се наоѓа полесно од сочувство, иако сочувството веројатно го има во поголема количина во повеќето заедници.
Заблуда. Незнам од каде е изваден текстот или врз основа на какво истражување е напишан. Само можам да кажам дека дава тотално погрешна слика за животот на интелигентните луѓе.
Колку да се разбереме интелигентен човек не опфаќа само човек кој знае да решава задачи/човек кој е добар ученик. Интелигенцијата е многу повеќе од тоа и има различни аспекти.