Енд? :wink: Порничите ко што знам не содржат алергенси за жени:wink: Како и да е, нема ништо срамно во мастурбацијата. Арно ама, дека е табу кај жените, табу е. Една другарка од клас, не` седна сите женски во соблекувална пред физичко и ни кажа дека мастурбира од 5то одделение. Најпрво имаше група девојчиња кои ја сметаа буквално за the witch that should be burned, други беа демек ,,згрозени", никој не признаваше дека мастурбира... Колку само беа смешни, понатамошните распрашувања на 90 проценти од класот, за тоа ШТО Е КЛИТОРИСОТ, КАДЕ СЕ НАОЃА И ШТО Е ТОА МАСТУРБАЦИЈА...18 години... Да ми простат, не им поверував дека не мастурбираат, а особено не после така невозможните прашања од типот што е тоа оргазам? Покрај тоа што е добар за циркулацијата, релаксација и антистрес, со мастурбацијата се учат работи за сопственото тело, за тоа што те пали а што не, при што сексуалниот живот се` доведува до повисоко ниво. А исто така, се` работи и за потреба. Не значи дека ако партнерот те задоволува, ти не смееш да онанираш. Секој ќе си прави со своето тело што сака.