- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.980
- Поени од реакции
- 6.468
Охоо и тоа како се потребни наркотици. Ако не беа потребни луѓето немаше да земаат дроги воопшто. Се надевам дека еден ден ќе пробаш барем ЛСД и ќе ја увидиш разликата во перцепција. Тешко се објаснува со зборови, ова што пишувам е само бледа слика поради ограничувањата кои ги содржи пишаниот збор. И јас на времето како помлад мислев дека наркотици се лоша ствар ама животот не оди секогаш по план па така бев изложен на некои супстанци па така сум презадоволен досега.Да, биле воинствени, и многу повеќе од белецот веројатно.
Како што берзеркерите користеле наркотици да влезат во убиствен транс, сигурно и индијанците имале нешто слично.
Е сега тие перцепции ти што ги доживуваш и се субјективни пред се.
Затоа што има милијарда примери како луѓе под дејства на наркотици прават криминал. Кхм кхм Џорџ Флојд.
За ништо од ова не се потребни наркотици.
Најголем хај надвор од дрогите е биднување затрескан, заљубен, зацапан. Тоа е спектакуларно убав филинг и хај за кој не се потребни супстанци. Луѓето се потсмеваат на тој филинг поради некоја причина.
Па што и да се субјективни? Тоа не ја намалува нивната важност и интензитет.
Не знам кој е тој Џорџ Лојд ама криминалот и наркотиците се резултат на нелегалноста на дрогата. Нелегалноста ја субвенционира манијакланата цена на наркотиците со што многумина мораат да се впуштат во криминал или проституција за да си дозволат доза. А тоа е тажно имајќи предвид дека кило жуто на пример коштало околу 400 евра да се произведе.
Со легализација не само што ќе се уништи најголем дел од организираниот криминал туку значително ќе се намали и ситниот криминал.
Има и еден орвелијански моменат тука ама за тоа потоа.