Работиш од дома имаш дете психички си уморен, дај го малото кај баба дедо нека го играат. Ти физички истроши се (секс, трчање, точак, мма). Самото конзумирање на психотропна супстанца кога имаш мало кое зависи од тебе е неодговорно.@wot
Блазе си ти ако можеш да бираш и ако си у држава каде што е колку-толку по толерирано. Иако и во Македонија квалитетот е кренат каде-каде во споредба со пред 6,7,8 па и повеќе години.
Во која држава си и ако си со друштво, со кој си има голем удел. Ептен сакам да идам пример у кафана/ресторан под дејство на канабис, да циркам пивце и да мезам и јадам. Нема боље едноставно.
Aма многу ретко се наоѓам у средина која е океј со тоа, ептен ретко. Сум седел на маса Х пати со луѓе кои се дават во алкохол, сум отишол надвор да пецнам(сам), се враќам и као некој ќе ме примети и ќе ме погледне безвезе, као види го овој наркоман. Има hack секако капки за очи нема шанси да те примети никој (мене многу ми се хаос очите после пушење)
2-3 пати со на жена ми друштво се дешавало, и веќе после тоа, не го правам реално, јер waste of weed. Не сакаш да си евидентно напушен у околина на луѓе кои се ала бијонс апла против тоа и го сметаат за "devil's lettuce". Плус, што многу често ме прави посрамежлив.
Моево друштво е каде-каде по либерално во тој поглед, ама пак. Има одреден сентимент кој вика "30+ години имаш, уште конзумираш канабис, уозбили се", некако тој стил. А сите до еден се alcohol enjoyers, иронично скроз, но тоа е.
Искрено, пошто има овде толку многу пропаганда за канабисот и сеуште има брдо луѓе кои се хардкор против тоа, малце е потешко да си опуштен и да ти биде добар хајот и да не те мава параноја што искочил 2 спрата под тебе а ти на тераса вадиш димчини . Особено во помали места. Изазива на моменти параноја, се пазиш, се криеш и тн и тн. Затоа +1 за edibles, нема мирис
Како што кажа @парва, нема боље период за конзумација од есен.
Што се однесува до пушење и raising children.
Ко што кажав, откако се роди ќерка ми, драстично намалив конзумирање (ептен ептен ретко), во оваа година и нешто, само еднаш сум имал при себе онака "грамажа" (ако 5-6г се воопшто грамажа) и да сврзам ден за ден пушење. Обично тоа било кога сум бил ептен зафатен со работа и ми требало извор на креативност, feel good factor, и фокус. А доста работам, за среќа од дома, нешто за кое сум енормно благодарен пошто можам да помагам околу ќерка ми и едноставно кога ќе немам работа или кога ќе имам се завршено, го оставам лаптопот негде у близина ако нешто искочи на мејл/teams и си играме и се чуваме. После оваа година, веќе се зацементира ставот кај мене дека - работа од канцеларија никад више. Но, тоа е скроз посебна тема на муабет.
Моиве конзумации оваа година и нешто биле викендашки - ќе се најдеме со другар/и за викенд со 1-2 пивца и ќе си тераме со длабоки муабети, своевидна терапија и смеење до бесвест, неколку саати дур спие малата, и после тоа се враќам дома и сум на baby duty. Петок или сабота вообичаено кога ќе бидам слободен.
Зависи реално, како што расте детето тоа може да биде по-толерабилно, но пак мислам дека првата година-две, малце тоа треба на страна да се тргне и да се постане "одговорен". Детето тој период е кревко, бара млеко, се буди, забчиња и искачаат и тн и тн и бара alertness. Сепак тоа има апсолутен приоритет и од тоа нема бегање. Твоето ментално здравје и твоето опуштање се некаде далеку на листата на приоритети.
Знам многу луѓе кои конзумираат канабис како родители, но секој со својата приказна. Никад не би судел на некој родител што конзумира канабис, АКО ТОА ГО ПРАВИ ОДГОВОРНО. Сепак, сите знаеме дека all day every day во секаков случај не е океј, без оглед дали си студент, вработен, постар, помлад, родител, баба или дедо. Тоа никако не го оправдувам. Навечер или било кога, период кога детето ќе спие, чисто за mental health да изгејмаш или да пуштиш серија е веќе друга приказна.
Се погодувале ситуации, не викам не, и јас ко што вика парва постанувам поголемо дете од детето и си играм со куклички, си гледаме разгледници, праиме ршум низ дома, скокаме, се гушкаме, се бакнуваме и тн и тн. Ама сепак, за мене, тоа не е океј да биде константа, туку тоа треба да биде стварно редок исклучок.
Се случувало и да ме нападнат intrusive thoughts некоја паника пошто не сум крај неа, и среде дружба јас да си отидам дома, од нигде никаде.
Пак ќе кажам, не судам, секој си има свој пат, и секому билката делува различно.
Одговорно (одмерено) конзумирање на псхихотропни супстанци и алкохол не постои. Прекини и посвети се на семејството.