- Член од
- 22 август 2024
- Мислења
- 60
- Поени од реакции
- 80
Не се збори за негативни последици заради nocebo. Докторот знае за сите негативни ефекти, но на база на одредени водичи за третман и сооднос на ризик/бенефит се препорачува одреден медикамент.Под број два, дали вие како доктори им зборите на вашите пациенти за лошите последици од дијазепами за главоболка, хелекси за инсомнија и тн и тн ?
Еве ја бев пред 10ина години со депресивно растројство, пиев некој SSRI (не ми текнува на името, можда пароксетин), и пиев хелекси. И така ги пиев 2-3 месеци, може и 4, постепено намалував дози и кога евентуално дојдов до момент да прекинувам хелекс, ја имав баш баш кризи. Сум конзумирал канабис со месеци секој ден, и одеднаш сум престанувал со месеци, никад не сум имал такво дрмање како кога прекинував хелекс. НИКАД!
Дали докторот седна и ми ги објасни негативните последици од откажување пароксетин и хелекс? Дали одвои 30 минути да ме едуцира? Дали воопшто он знае што се случува кога еден пациент се тргнува од хелекс ? Fuck no!
Дали самиот доктор е свесен за негативните последици кога мења терапија ? Еве мене на пример ми мењаа 2 SSRI или како и да се викаат, и двата не функционираа, третиот беше океј. Дали некој ми кажа кои срања ми се случувале во мојот организам ?
Пример, докоторот не може да знае во каков ризик си ти во тој момент од твојот живот, има значаен број на луѓе кои не се веќе на овој свет заради тоа што одбиле третман, не е така едноставно како што мислиш.