Дрога ( Наркотични дроги )

Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Авганистанската покраина Хелманда годинава ќе произведе една третина од светската реколта на хероин или речисти два пати повеќе од минатата сезона. Покраината ја контролираат 3.300 британски војници што не им пречи на локалните фармери да засадат околу 45.000 хектари со афион.

Рекордното производство на афион е срам за западот кој во изминатите пет години инвестираше повеќе од 2 милијарди долари во борбата против дрогата, порачуваат експертите.

Авганистанските нарко газди годишно кумулираат приход од 2,1 милијарди евра, што ги прави речиси недопирливи за локалните власти. И покрај залагањата на авганистанската влада за борба против дрогата, според експертите потребно е да се уапси некој од главните босови за домашната и странската јавност да поверува дека државата навистина сака да стави крај на производството на дрога.

Освен заштитата која босовите ја имаат од Талибанците, на теренот една од главните маки е изнаоѓањето на вистинската методологија за уништување на насадите со афион. Американците вршат притисок за уништување на насадот со запрашување на полињата, што пак според британските и авганистанските власти би ја зголемило подршката на локалните фармери за Талибанците.

Британците пак повеќе се залагаат за директна соработка со земјоделците и нивно "одвикнување" од садењето афион и замена на овие култури со жито.

{(Nemam Zborovi)}Вака ако продолжеме............:ija:
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Heroin



Heroin: Info

Heroinot e mnogu adiktivna droga.Najnovite istrazuvanja pokazuvaat deka namesto injektiranje, heroinot se pocesto se pusi ili vshmrkuva.Kako poradi negovata pogolema cistina, taka i poradi postoenjeto na veruvanjeto deka na toj nacin ne se sozdava zavisnost.



Heroin: Zloupotreba i Zavisnost

Heroinot e ilegalna, mnogu adiktivna droga. Toa e droga, koja se zloupotrebuva najmnogu i deluva najbrgu od site opijati.Heroinot se proizveduva od morfina, prirodna supstanca, koja se dobiva od čaurata na nekoi vidovi afion (mak). Obično se prodava kako bel ili smeđ prashak, ili kako crna lepliva smesa, poznata pod imeto "katran heroin".


Hepatitis C – FAKTI

Vo dosta slučai lichnosti koi se zarazeni so virusot - hepatitis C, ne mora da zabolat , dodeka nekoi moze da cuvstvuvaat neznatni simptomi, slični na grip, što ne bara lečenje. Medjutoa, kaj nekoi lugje, koi stotuku se zarazat so hepatitis C, urinata stanuva temna, a belkite i koža požoltuvaat (žutica). Simptomite na hepatitisot moze da isceznat vo rok od nekolku sedmici, no toa ne mora da znaci deka isceznala i infekcijata.


ULIČNI IMINJA
H, hors, džank, dop, žuto

IZGLED
prašak so smeđkasto-bela boja, gorcliv vkus, rastopliv vo voda. Bojata mu zaavisi od zemjata od koja poteknuva i supstancite so koi se meša. Posvetlata boja voedno znači i pogolema čistoća, po sto na prvi pogled mozat da se razlikuvaat svetlioi -evropski i aziski, od potemniot - meksički heroin. Uličniot heroin e pomešan so razni praškastim supstanci, od mleko vo prav do strihnina, što vlijae na bojata.



 
Член од
6 мај 2006
Мислења
1.890
Поени од реакции
4
лелелелеле приказов е малце ......
е иди после пробај хероин
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Хероинот се произведува од морфинот, природна супстанца која се добива од чаурата на макот. Се појавува во облик на бел прав, но може да биде и во друга боја бидејќи поголемиот дел од хероинот кој се продава на улиците се меша со други дроги и супстанци (шеќер, млеко у прав, скроб, талк итн). Хероинот создава голема зависност и најбрзо делува од сите наркотици. Се конзумира интравенозно, преку пушење или снифање. Најновите истражувања покажуваат дека хероинот се повеќе се пуши и се снифа поради заблудата која постои дека така не се создава зависност кај уживателите. Старите корисници (над 30 години) се најмногубројна група на корисници. Сепак некои извори наведуваат пораст на бројот на новите, млади корисници кои се привлечени од поефтиниот хероин со повисока чистота кој може да се снифа или да се пуши.

Здравствени потешкотии

Употребата на хероинот предизвикува озбилни здравствени потешкотии, вклучително предозирање, спонтани абортуси, пропаѓање на вените и инфективни болести како што се ХИВ/Сидата и хепатитисот. Корисниците на хероин можат да ја конзумираат и по 4 пати на ден дрогата, а некои ”пациенти” и повеќе. Интравенозната инекција создава интензивен и релативно брз почеток на еуфоријата (5 до 8 секунди), додека пак интрамускуларната инекција создава релативно спор почеток на еуфоријата (7 до 8 секунди). Кога хероинот се снифа или се пуши, максималните ефекти се осеќаат во рок од 10 до 15 минути. Иако пушењето и снифањето на хероинот не создаваат еуфорија со таква брзина и интензитет како интравенозното вбризгување, истражувањата потврдиле дека сите три форми на внесување на хероин во организмот создаваат зависност. Инекциите се сеуште надоминантен начин за внесување на хероинот во организмот.
Краткорочните ефекти на хероинот се јавуваат веднаш по земањето и се губат по неколку саати. По вбризгувањето (или снифањето), хероинот ја поминува крвно-мозочната бариера, во мозокот се претвора во морфин и брзо се врзува за природните опијатски рецептори. Корисникот го обзема талас на еуфорија (кој обично се опишува како талас на пријатно чувство), а неговиот интензитет зависи од количината на земената дрога. Возбудувањето кое го предизвикува хероинот го пратат чувство на топлина, собирање на зениците, црвенило на кожата, отежнат говор и движење и сува уста, што може да биде пропратено со мачнина, повраќање и чешање. После почетната еуфорија, наркоманот паѓа во состојба на наизменична будност и поспаност и тоа трае наредните неколку саати. Менталните функции стануваат замаглени, а доаѓа и до депресија на централниот нервен систем. Срцето чука послабо, дишењето е успорено, што може да доведе и до смрт. Постои и ризик од предозирање, бидејќи чистотата и количината на дрогата неможат точно да се утврдат.

Долгорочните ефекти се јавуваат по повторена употреба на хероинот во одреден временски период. Кај хроничните корисници доаѓа до пропаѓање на вените, бактериски инфекции на крвните садови, чирови и други инфекции на меките ткива, болести на јетрата и на бубрезите. Болестите на белите дробови можат да се појават поради лошата здравствена состојба на наркоманот, но и поради депресивните ефекти на хероинот на дишните патишта. Многу додатоци на хероинот кој се продава на улиците може да содржат супстанци кои не се растворуваат лесно и на тој начин да се блокираат крвните садови кои водат во белите дробови, јетрата, бубрезите или мозокот. Тоа може да предизвика инфекција или смрт на клетките на мали површини во виталните органи. Се разбира, заедничката употреба на приборот за вбризгување на хероинот може да доведе до разни инфекции како хепатит Б, Ц, Сида и голем број на други вируси кои се наоѓаат во крвта и кои наркоманите можат да ги пренесат на своите деца и своите сексуални партнери

Зависност и апстиненција

Еден од основните долгорочни ефекти на хероинот е зависноста. Зависноста е хронична болест која се карактеризира со принудна желба за зимање на дрога и која создава хемиски и молекуларни промени во мозокот. При редовната употреба на хероинот се развива толеранција. Тоа значи дека џанакот мора да зима повеќе дрога за да се постигне истиот ефект кој го создава дрогата. Како и другите корисници на дроги кои создаваат зависност, џанаците на хорс посатепено трошат се повеќе и повеќе време и енергија на зимање на дрога. Кога џанакот ќе стане зависен од хероин, основна смисла на животот на џанакот е пронаоѓање и зимање на дрога. Со зголемување на дозата, кај џанакот се јавува физичка и психичка зависност. Со физичката зависност, телото се адаптира на присуството на дрогата и ако нејзината употреба се намали или се прекине целосно се појавува апстиненцијална криза. Апстиненцијата, која кај редовните корисници може да се појави и по неколку саат после последната доза, создава нервоза, немир, губење на сонот, агресивност, бунило, губење на моќта на расудување, неповрзан говор, бол во коските и мускулите , чувство на ладно, самоубиствени тенденции, склоност кон кражби и други симптоми. Најјак интензитет кризата има меѓу 24 и 72 часа од последното зимање на дрога и почнува да опаѓа по 1 недела. Кај некои луѓе кризата трае и со месеци, а изненадната криза кај некои џанаци може да биде и фатална, иако се смета дека апстиненцијата од хероинот е помалце опасна од апстиненцијата од алкохолот.


а иначе последиците се трајни
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Послем ова што го прочитав од докторката Тина ако можи така да ја наречам :) лоша е ситуацијата за тие што се на таков вид дроги и сите глупости што идат од тие нешта. Животот ти е подарен за да го живееш онака како што сакаш, само немојте вака да го живеете:nenene:
 
Член од
2 јуни 2006
Мислења
238
Поени од реакции
6
Sve sve ama nemoj nikad da se kacish na ludiot konj nema siminjanje
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Убаво ви изнапишаа како делува воглавно Хероинот, подетално не отишле во објаснувањата до молекуларно ниво односно не е спомнато точно на кој неуротрансмитер делува и како се однесува кај синапсите, жал ми е но за тоа ни јас немам информации, кога ќе најдам ќе ги приложам. Како и да како и останатите дроги сигурно делува во пределот на мозокот задолжен за чувства стручно наречен Nucleus accumbens.
Инаку сите знаете дека зависниците од хероин пробуваат да се излечат со метадон, е сега ќе ви образложам врз основа на што се базира метадонската терапија.
Метадонот кој се дава на зависниците од хероин е всушност L-Methadon кој е скоро двапати по силен опијат од Хероинот, а има трипати појако дејство од D-L-Methadon познат и како Razemat. Инаку за илустрација колку се овие дроги силни, доза на D-L-Methadon доволна за еден зависник е 20пати преголеам од таа што нормалне човек може да ја прими, и воколку ја прими занчи при предозирање доаѓа во рок од 30 до 120 минути престанок на дишењето.
D-Methadon па од друга страна нема никакво дејство.
Е сега Хероинот се зема интравенозно со што патот до мозокот му е неверојатно многу скратен, занчи почнува многу брзо да делува, ама и дејството значи дека му е пократкотрајно. Тоа пак занчи дека временскиот интервал меѓу кризите за нова доза се намалува а со тоа се предизвикиува потреба од многу пари за кратко време што ја поттикнува криминалноста.
Е сега метадонот се прима орално и како почетна фаза треба да биде од дигестивниот тракт апсорбиран занчи делува поспоро уште во почеток , при што дел се дистрибуира до мозокот а поголемиот дел се складира во црниот дроб како и секој друг отров, ова ја има предноста со тоа што кога организмот односно мозокот има потреба од опијат зема некое мало доволно количество од складираниот метадон, со ова пак се продолжува дејството и интервалите межу примање на нова доза на метадон се подолги а со контрола полека можат и да се продолжат. Со самото тоа дека потребата од дрога малку се пролонгира се намалува криминалноста и се има подобра и полесна перспектива за губаење на зависноста нормално со подолгогодишна терапија.
Зависноста која се создава во Nucleus accumbens всушност е создавање на протеини кои го поттикнуваат активирањето на гените од кои се создаваат рецептори за соодветниот неуротрансмитер врз кој делува дрогата. За една личност да се ослободи од зависноста треба толку долго да апстинира од дрогата за да дојде до тотално разградување на овие протеини таканаречени како пртеини на помнењето за зависност. Колку да ви прикажам коклу е тој процес долготраен ќе ви кажам дека луѓе кои се откажале од цигарите,што значи почнале со апстиненција од Никотин (дрога која исто создава зависност) по две години пак продолжиле да пушат што е показател дека и по две години не се разградиле потополно овие протеини.
Токму поради ова метадонската терапијата која ја примаат долгогодишните уживачи на хероин има повеќе за цел да го отстрани криминалитетот кај личноста.
Да се разбереме дека некој и да успее да ја надмине зависноста нема да биде истиот човек и здравјето ќе му биде нарушено како физичкото такак и психичкото, со други зборови мозочните оштетувања се неизбежни.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
znam deka e mnooooooooooooogu steten i deka nekoi go mesaat so gips i otrov za gluvci!! (pamet u bucuk) :)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Првиот пат ќе ти е убо вториот уш поубо и дур да сетиш кај се наоѓаш ќе почниш секој ден да земаш,и на било кој начин да дојдеш до една "50-ка" за да ти поминет кризите па следува крадење,превари губење контрола и друштво и 300 глупости
е па размислите 2 пати пред да пробате :smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
(барав и не забележав ваква тема)

Значи:

Има различни видови на дроги,како:кокаин,марихуана,екстази,хашиш.Дрогата претставува смеса од синтетичко и растително потекло,и кога ќе се внесе во организмот создава зависност,т.е. врши промена на расположение и психичка состојба.Уништува се',но најмногу нервниот систем.Додека некој наркоман извесно време престане да внесува дрога во неговиот организам,тогаш,ќе настане криза која се карактеризира со:нервоза,главоголки,повраќање,гадење,бессоница итн,а по подолготрајно невнесување почнуваат да се јавуваат халуцинации и преголема исцрпеност.Постојат психичка* и физичка** зависност.
 

Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Разни видови на дрога и нејзиното влијание врз нервниот систем, а и општо врз целиот организам, кај човекот. Flash презентација.
http://www.jellinek.nl/brain/
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Одлични анимации, за да се разберат сите треба да се почне со анимацијата како функционира човековиот мозок, па после да се разработуваат сите дроги посебно.
Како и да е ова ми заштедува многу време за пишување посебно за секој наркотик, каде што со зборови би се обидел да ви го објаснам.
Како и да е ако имате некои нејазнотии тука сум да ги расчистам.
Како што ама вака со анимација чинам дека би било многу појасно за другите.
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Најголем и најсмртоносен порок. Никогаш не би земал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom