Дрога ( Наркотични дроги )

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.115
Поени од реакции
30.182
Сакаш да кажиш дека мастите се пробемот за прекумерна килажа кај Македонците?
Не, туку прекумерниот внес на калории.
Секако и мастите се потребни да се внесат во секојдневниот живот, ама има луѓе што секој ден појадуваат пржено, а на ручек на работа јадат од седмица.
1 лажица масло има околу 100 и нешто калории.
Никој не мери масло кога пржи.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754

Тоа е тоа, калории внатре и калории надвор, закон на термодинамика. Не можам да поднесам свињи од луѓе што се правдаат "ами што да каснам за мене се лепи" Не Соње, се лепи оти трескаш како некое бише.

300 други процеси има покрај тоа јх 1г/4 калории и масти 1г/9 калории.
Треба од се умерено да се јади, јх, масти, протеин, и многу битно влакна.
Десна рака сечам ако 10% од македонците внесуваат доволно влакна на дневна база.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003

Ајде сечи рака одма , влакна има у леб а Македонија е лебарска земја.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Имаш безброј видови леб во Македонија.
Не сум знаел. o_O
Јас кај што живеам има само леб од локална пекара и не е леб туку сунѓер.
И што викаш колкав процент во Македонија купуваат грахам или било кој друг леб што е 80 денари + и дали лебот е доволен извор на влакна, нели има 2 типа на влакна?
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Не сум знаел. o_O
Јас кај што живеам има само леб од локална пекара и не е леб туку сунѓер.
И што викаш колкав процент во Македонија купуваат грахам или било кој друг леб што е 80 денари + и дали лебот е доволен извор на влакна, нели има 2 типа на влакна?
Graham ne e ni 50 denari.. a ne veruvam ni deka nitu ti nitu povekjeto se zamaraat za vlakna u ishrana.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Graham ne e ni 50 denari.. a ne veruvam ni deka nitu ti nitu povekjeto se zamaraat za vlakna u ishrana.
Тогаш сигурно си од Скупје чим ти е грахамот 50 денари.
Никој не се замара, зошто да се замараш треба да имаш пари а грото од граѓаните крпат крај со крај.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.280
Поени од реакции
7.628
Тоа е тоа, калории внатре и калории надвор, закон на термодинамика. Не можам да поднесам свињи од луѓе што се правдаат "ами што да каснам за мене се лепи" Не Соње, се лепи оти трескаш како некое бише.

300 други процеси има покрај тоа јх 1г/4 калории и масти 1г/9 калории.
Треба од се умерено да се јади, јх, масти, протеин, и многу битно влакна.
Десна рака сечам ако 10% од македонците внесуваат доволно влакна на дневна база.
Ако веќе се повикуваш на термодинамика, прочитај уште неколку пати за термодинамика.
Човечкото тело не е затворен систем.
Друга работа која не ја земаш во предвид е влијанието на изворот на калории врз хормоните кај човечкото тело. 200 калории од чоколадо и 200 калории од само месо (без леб, компири) нема да влијаат исто.

Немој да си ја сечеш раката, бидејќи на човечкото тело потребни му се нула (0) влакна во исхраната, а и нула (0) јаглехидрати.

Индустрискиот шеќер реално е дрога, но последиците од него се каде каде помали него ли хероин и други видови дроги, така да, да не споредувајте баби и жаби.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.621
Поени од реакции
42.150
шеќерот може да те направи резистентен на инсулин. Дури и за тоа да утиче треба да си сериозно дебел. Друга нус појава мислам нема. За разлика од хероинот каде што ти паѓаат заби и ти се распаѓа телото.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.115
Поени од реакции
30.182
шеќерот може да те направи резистентен на инсулин. Дури и за тоа да утиче треба да си сериозно дебел. Друга нус појава мислам нема. За разлика од хероинот каде што ти паѓаат заби и ти се распаѓа телото.
Не може да ти паднат од шеќерот ама може да се расипат, ако секој ден пиеш 2 литра кока кола.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.458
Најголем удел има прекумерниот внес на калории.
Односно, шеќерот, но и мастите. Комбинирани заедно, имаат висока калориска вредност.
Многу повеќе во земјава се јадат прженици од шеќери патем, кога го бараме веќе изворот на гојазноста.
1 грам шеќер = 4 калории
1 грам масти = 9 калории

Шеќер му е потребен на човекот, шеќерите даваат енергија во денот. Човечкиот мозок автономно бара извори на енергија. Наша одговорност е да ги контролираме мислите и да практикуваме рестрикција.

Друго, не можеш да споредуваш храна и наркотици, глупо ми е да пишам оти е очигледно.
Без сомнение. Но калориите покрај квантитет имаат и квалитет. Внесувањето карбохидрати е значајно во многу мала мера како појдовна точка за продукција на глукоза која е гориво за мозокот. Но се остало е беспотребен внес на шеќери.
Не знам колку шеќерите даваат енергија и до која мера. Јас сум стриктно на Аткинс исхрана поради животнозагрозувачкиот синдром кој ме претвори во руина и не само што загубив 36кг успеав да нивото на енергија го доведам неочекувано високо. Не за брашното, не за шеќерите, не за скробот едино не успеав да се оттргнам од солта но тоа и не е така опасно.
Бројот на мртви од последица на внес на шеќери, дали е тоа поради комбинација со друга храна или само по себе е екстремно висок во светот заедно со сите медицински проблеми кои ги носи дебелината.
Во САД 2/3 од население се дебели, милиони се морбидно дебели со една нога во гроб. Некаде по ТВ наидов на ријалити шоу со две сестри кои имаа по 1000 фунти (454кг) тежина!
Интересно но најдебела земја била Сауди Арабија, земја дембелија :icon_lol:

Сепак можеме да заклучиме дека се работи за злоупотреба на храна па према тоа и шеќери. Контролираниот внес и дисциплината дозволува повремено јадење чоколади и сладолед и во тоа нема ништо лошо.

Слично е и со наркотиците. Повремена употреба со целосна свест за ризикот е нешто прекрасно, нешто кое го воздигнува духот човеков до една нова височина од која гледа надолу кон луѓето кои немаат такви искуства со чувство дека тие луѓе не знаат што пропуштаат.
 
Секако дека ќе ослабеш бидејќи елиминираш макро група и автоматски внесуваш помалку калории.
Во суштина, една чаша сок од портокал е исто како кафе. Кога им се слошува на луѓето им се дава шеќер малку да му направат буст на организмот.

Во САД е контроверзно тоа што ставаат шеќер во се, но во Саудиска Арабија е слична културата како кај нас, а тоа е јади денес да не нема за утре.

Било која од макро нутриентите ако се внесува во изобилие прави проблеми, прво со хормони, а потоа следат и посериозни, трајни.

Во секој случај, сето тоа е храна, и е неопходна за живот. Наркотиците не се.
Не може да се слични, едното е рекреација и екцес.
 
Точно, храната е неопходна а наркотиците не се во смисол на преживување. Но споредбата е во смисол на зависноста и злоупотребата.
И храната може да биде ексцес, како што сведочат милионите мртви секоја година.
Но во смисол на доживљај, на жедта за живот, за проширување на перцепцијата и тоа како се потребни. Настрана разни синдроми каде без наркотици следи средба со мрачниот косач. Во никој случај не се за сите луѓе и не смеат да бидат, но имаат место во човечкото искуство наречено живот.
Наротиците можат да играат мала но значајна улога за подобрување на меѓучовечките односи во светот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom