Драга,
Дечките кои ми беа симпатии додека имав едно 8-9-10 години беа нормално бар 5-6 години постари од мене, така некако си е редот во тоа време. Дали беа другарчиња на братучед ми, дали комшии, дали внуци на бабите од комшилукот, па идеа често кај баба им, како и да е, битно си имав доста симпатии. Еден ми беше симпатичен зашто носеше очила за сонце на очи и уште еден пар имаше на врат отпозади закачено, ко демек дека има и очи на тилот. Фала ти боже што више не ме привлекуваат типични мангупчиња и фраери и на оваа возраст.

Епа пред некое време, баш овој со двата пара цвикери го сретнав сосема случајно, женет си е, има дете мало, како и бар 15 кила вишок. Тоа ме натера да почнам и другите кои ги немав некое време видено да ги најдам на фб. Драга Кајги, сите се буквално здебелени и тоа минимум 10 кила од тоа јас што ги памтам, да не речам дебели дека се. Еден нема некое тело задржано, се е лом. Не знам дали е само случај со моиве некогашни симпатии, или голем број имаат навика да се препуштаат на милост и немилост на животот, али тоа е страшна работа.