Значи се, ама буквално се можам да разберам, па дури и политичарите, ама навивачите не можам да ги разберам. Која е логиката да одиш на утакмица и притоа да се истепаш со се што е можно пред тебе, да маваш со бетонски плочки и пивски шишиња? КОЈА? Тимот ќе биде подобар со тоа? Ќе докажат нешто? Т.е. докажуваат, дека се неизживеани луѓе без грам мозок. Значи не зборувам за луѓето кои одат и кои навиваат од срце за својот клуб, ниту за одредена навивачка група, него за тие што идат да се тепаат. И јас сум фан, и јас се нервирам, пцујам по другите тимови, по нивните играчи, по судиите, по се живо и диво, ама да се тепам бе???
Ова го пишав револтиран од она што го видов прееска, на мечот меѓу МЗТ-Партизан. Идам накај сала и по пат гледам три деца како одат ама на сред улица и на едното дете буквално не му се гледаше 90% од фацата пошо цело беше во крв. Другите двајца другари беа избезумени и бараа помош од кого стигнат. Ги упатив одма во трафиката што беше на 30тина метри од местото каде што ги видов, да им дадат некоја крпа и малку вода да го измијат. После тоа се упатив накај Јане Сандански и имав што да видам. Се апсат луѓе на сите страни, газам по срчи, шутирам бетонски плочки по пат, гледам пред мене напалени навивачки групи како сакаат да се заколат, мислам лепота за очи.
А капак на се беше нашава “организирана полиција“, која направи застој и кога требаше да се влезе во сала и кога требаше да се излегува. Посебно кога требаше да се излегува, чекавме ние неутралците едно половина час за да дотичните Гробари се изнавикаат и поздрават со играчите на Партизан, па потоа да се испцујат со Фемили и на крај да си искочат. Срамота бе, луѓе со мали деца чекаа по 30-40 минути за да излезат од сала.
Како е можно бе се да е наопаку кај нас? Нова сала направија, прекрасен објект, а тие само два влеза пуштиле.
И како сакаме да нема гужви и нервози?
Сабајле се качувам у бус и скроз изумив дека е сабота и дека на пензионерите им е бесплатно. Значи јас разбирам, стари луѓе се, треба да седнат, не може да стојат по 30 минути во автобус, ама не разбирам зошто мора да се гураат и да газат се пред себе? Абе ќе ме бутнеа од врата, една баба зема ме изгази од позади, нит извини ми рече нит бутур, влезе пред мене, отиде и директива на седиште седна, а притоа изгази и испотепа уште 20 луѓе, па потоа еден дедо се укопа до мене и ми дишеше пола саат у фаца, а btw имаше изедено една бавча лук.
Имам да напишам уште некоја работа за нашиве “прекрасно организирани“ факултети али тоа во наредна прилика.