Интересно е Драга како луѓево си земаат за право да зборат позади грб, па ајде што зборат, па уште и да измислуваат неточни работи. Што е најинтересното, не ми е јасна која е поента да збориш за некој позади грб, да измислуваш работи со кои ќе му нарушиш односи со некој а ти со него немаш разменето два муабета. Завист? Или простоќа? На што се должи оваа злоба кај луѓево бе. Не сум тип што се замара во глобала си мислења на други, си фурам свој живот, ама се нервирам кога мислењето на одредени луѓе што ми значат, и си имаат место у мојот живот ќе биде под влијание на "рекла казала" муабети отколку на времето и твојот однос спрема нив лично. Криво ми е, зошто има луѓе на кои сум посветил и внимание, и доверба и све, и сега некој си клошар од страна тоа да го наруши само затоа што му текнало да јаде гомна и има занимација.
Осеќам дека цел живот се трудам да бидам подобра личност. Осеќам дека на се што ќе посветам внимание го фелнувам. Осеќам дека цел живот се стремам да бидам подобар и да учам на своите грешки, а правам грешки во чекори. Е така се чувствувам. Мижаво и депримирано. Ако ништо друго бар вечерва си расчистив некои работи и останавме на убаво со личност која ми беше многу битна минатиов период иако беше кратокрајно во мојот живот. Тоа ми е утеха од целиов период што ми беше проткаан со срања. Сеа се надевам на сонце после киша, се надевам на алелуја, а не знам што да очекувам и правам. Превише се замарам со глупости и ситници. Па така во тој контекст од денес ќе пробам да го следам следново, а тоа го изјави еден фиктивен лик од филм кој моментално повеќе од било кога ми се наоѓа и ме погодува неговата генијалност. Да, Тајлер Дурден. И да се завратам на неговиот цитат: "I say never be complete, I say stop being perfect, I say let... lets evolve, let the chips fall where they may."
Со лесно нека е Драга, се слушаме за некој ден пак.