Драга,
Засега животот со цимеров е супер.
Никогаш не ми е досадно, секогаш има што да се прави или дискутира. Кога ќути, што е многу, многу ретка појава, тогаш или е нешо лут или изнервиран (од мене). Али рековме тоа е ретко, и брзо му проаѓа. Ми вари кафе и ми пржи јајца. Некни дури и го натерав да ме измасира. Ми ги носи ќесите од пазарење, да не се мачам јас, нежно, осетливо.
На пола филм заспива, тоа му е мана, али тоа е тоа, изморено е детето.
Веќе три дена го бара чипсот што го купил од продавница, и никако да го најде. Јас глава сечам дека му е заборавен на касa, ко што си губи така дел од работите повремено.
Се некако се спрема во последни 5 минути, брз е додуша, али ипак јас го чекам пред врата, наместо клишето он-мене. Али дека не се сликаме, тагираме и чекираме кај и да одиме, исто ко да не сме излегле.
Ми ласка чат-пат, вика дека имал најубава цимерка на свет, дали му е тоа некоја тактика да добие нешто, од навика си го дрнда, или пак стварно го мисли - јас тоа не знам, али за да и ласкам јас на мојата суета, решив да му верувам и да не тумачам од која причина рони бисери.
Ме гњави секој ден за трчање, ако сака секој ден по 10x масажи да ми мава за да ми се опуштат мускулите после тоа, нека продолжи. Јас можам само време да мерам.
Дипломската ја неам куцнато може 4-5 дена. Има време.
У глобала, never been happier.