Не можев да го најдам прочуениот говор....(
на) 15-ти Септември.....има само неколку видеа во вид на пропагадна дали од тв Сител (т.е. ППП) дали од УСМ (Унија на Мласи Силеџии), но во ред.
И случајно налетав на едно видео во врска со една масовна тепачка помеѓу полицијата и граѓаните од Ѓорче Петров пред нешто помалку од деценија. Истата слика ја видовме и оваа година, што значи дека ако тогаш имаше партиско-полициска држава, истата постои и денес, но тогаш таа стагнираше, денес се прашувам дали истата кулминирала, затоа што не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден.
Но доста политика, не за друго, таа официјално е забранета, да не беше, ќе имав почести испади и критики пред се кон ВМРО ДПМНЕ (или онаа креирана скратеница Диктаторска Партија на Македонското Национално Единство) и кон оние другине, но моментално се зборува само една вистина, така да повеќе би сакал ситуацијата некако да се избалансирам, но многу тешко= невозможно. Погрешната политика ја направи оваа ситуација ваква каква што е.
Сакам да се осврнам кон еден друг проблем. Тоа е праќањето на лицата во старските домови. Од една страна се нема време, но од друга страна да се запрашаме, дали тие имале време да не чуваат и одгледаат? (зборам за оние родители, баби и дедовци кои навистина се грижеле и ги чувале своите деца односно внуци) Доаѓа на ред и таа распродажба на мебелот односно обновување на домот. Нови генерации, нови вкусови. Зошто да им ги продаваме и спомените? Редоследно, препишување на имотот! Зошто јас би препишал имот на моето дете/внук кога ме фрлил во аут!? Повторно редоследно се поретки посети. Доказ за она што сакам да го кажам. Имаат пензија, имаат и време. Зошто, со една просечна пензија од 8.000 ден. (+/-), не е битно, не вработат една жена која ќе се грижи за старата личност, кога веќе се нема време?
Марк Твен има еден добар афоризам кој е на границата и со анегдота.....Не прави зло, додека некој те гледа.....
пи.ес. Сабајле гледав еден многу добар
филм. Имаше тажен крај, за жал. Но некаков реален осврт кон настаните кои се случувале пред и по втората светска војна со лицата кои имале поинакви идеали од оние кои сакале да ја задржат власта со цел и нивните деца, внуци, нормално со помош на тато/ дедо, да дојдат на власт и да крадат од народот. Не викам дека таквиот систем е во ред (оние кои ќе со гледаат филмот ќе сконтаат), но ако личноста има поинакви идели, не треба да се убие и после да се сече на парчиња како животно во месара. Според мене трогателна приказна иако не е правена по вистинска приказна, вистината била многу слична, за жал.
пи.ес.ес. И ова има врска со онаа прочуена анегдота/афоризам на Твен.