(Продолжување на мислата
)
Ресен е град во кој туристички повеќе сум одел како помал, одејќи во Крани. Немам многу мемории од градот, а во последно време само на поминување сум минувал низ градот. Тук таму сме застанувале да одмориме. Имам другарка што се пресели од Скопје да живее таму, треба да и се оди во посета, иако и самата нема некои пофални зборови.
За Охрид и Струга нема што многу да се говори. Од Охрид омилено ми е одењето во делот на Св. Стефан и плажичките на Славија. Уживам да летувам таму при крај на летото. Кафанчињата во Коњско, пициве во Леонардо, ноќни седења на Канео, прошетки низ цел град, кампување во Љубаништа, убавините на Св. Наум, змијарникот во Трпејца (и локални бабички што прават топ зелник). Некое време не ми беше многу омилен град, ама последниве години сфатив дека сум грешел. Секогаш си поминувам одлично, со еден мал инцидент во кој обезбедување не исфрли од кафич откако пијани замаравме по гостите. Топ доручек во Тино, не многу убава скара во градот, но добро рипче. Со скутер да се отиде до Динга во Радожда, уживанција. Пред некоја година отидов сам во градот на неколку денови за да си ги средам мислите и мислам дека се преродив.
Како Струга нема друга, штета што тип како дебилон градоначалник го раководи со години. Последниве прошетки со страв да не те изедат кучиња. Убаво среден дел околу Дримот, со хотелот со исто име, кој е уникатен во својот стил. Ме радува што живурка духот на македонците и во градот и во околината кај Мислешево, Враништа и слично. Разочарувачки изглед на автобуската станица и натписите кои пред се се на друг јазик. За градот ме врзуваат и екскурзии како мал и летување во Еуротел. Точење лимонада по кејот... Многу вардарци од тој регион. Мора да го споменам и Вевчани, со сета своја убавина. Тесни улички, ако се заглавиш со кола нема излегување, ама вреди за природата. И за скарата!!! Не сум бил во време на карневал, тоа треба да се разгледа во иднина како опција.
Кичево е град во кој исто така сум бил безброј пати на утакмици. Гостувањето со воз на екипа кајгана ќе се раскажува со години. Цел ден го утепавме во градот, мешавина од инциденти, пеење во кафана и пиење на цело пиво, полн стадион и убавото Кале. Реновирано е, го посетив со друштво и пред некоја година. Градот нема македонска кафана, се затворила таа под Калето. Од ланџ барот бевме во диско или некој клуб со име Имиџ. Како што секогаш бива, полицијата не запре само нас, откако виде дека не сме од таму. При секое одење во Кичево, некако градот се повеќе и повеќе ми замира. Остана само легендарното вовче да стои пред железничката, да не сообраќа ни единствената линија и да бегаш од кучиња скитници кои го владеат градот. Минатата недела однесовме важни 3 бода од Кичево, а имавме добра поддршка и од нашето население од околните куќи. Кичево, секогаш во срцето.
Исто и славната Дебрца. Сум бил во Белчишта и Сливово. Прекрасни шуми, прекрасна природа.
Тетово ни е братски град, поради Војводи. И овде поголемиот дел од одењата ми биле на утакмици, што со Тетекс, што со Ренова и Шкендија. Собири во жена паркот, кортео до стадион, седење во кафанче. Но, сум бил и туристички. На шопинг во Палма мол, шетање до шарената џамија, пиење пиво и во македонскиот и во доминантно албанскиот дел. Многу позитивни луѓе се тетовчани, секогаш спремни за забава, вистински бедем на македонштината, секоја чест што опстојуваат во таков хаос во градот. Првата слика која ти доаѓа за градот е зафатени 3 од 4 ленти со паркирани автомобили. Одвратна автобуска станица со продавнички како од времето. Не знаеш како е да одиш со комбе до Дебар и во комбето со капацитет од 25 луѓе кое веќе е полно, да се качат уште 20 луѓе во Тетово
Гостивар е дури во полошо издание. Убав кеј на Вардар, тоа е се што би издвоил од градот, во кој воглавно сум поминувал само на застанување за одморање и со автобус. Сум испил некое пиво и тоа е се што сум видел од Гостивар, во кој повторно сообраќајната гужва ми е прва асоцијација. Сум бил на бело месо кокошкино во Камењане. Нема ни салата, ни помфрит, само буташ мевце, додека те гледаат сите на криво
Сум ги шетал и селата како помал, на гостување на мојот локален клуб.
Дебар и реканскиот дел ми се посебно во срцето, затоа што фамилијарно влечеме корени од таму. Научив да пливам во Радика. Пораснав на летувања на Дебарско езеро. Многу ми е мило што се среди плажата кај ресторанот Перла. И доминираат македонци, а многу често може да се видат и дресови Вардар. Езерото си остана тешка тињарија, не дека некогаш ми пречело. Другарка прпоадна на плажата како во жив песок, пред некоја година. Ќе го издвојам и графитчето Spread the legs, like fucking corona
Сум ловел риба брзброј пати, сум бил на бања во Косоврасти, а богами и на "аква" паркот со внуците. Цел дел од Жупа сум го поминал, сите најзатуцани турски села во околината. Реканскиот дел е штета што остана неразвиен. Прекрасна природа која заслужува поголеми инвестиции, само што луѓето кои живеат таму немаат баш такви амбиции. Сирењето од Велебрдо си владее, ресторанот во Јанче, куќата на Мијаците, Бигорски кој е во заложништво на про татарски лица, Рајчица... Како мал одевме кај познаници во Скудриње и Жировница.
За Маврово исто така не треба да се трошат зборови. Да си дојдеш кога нема снег, кога нема толкава гужва и да си уживаш крај езерцето, да јадеш пита од кафанчињата, да ја искачуваш патеката на сонце или да вртиш со точак. Патот од Маврово до Галичник за мене е најубавиот пат низ шума во Македонија, можеби конкуренција му е само оној од Богимила до Нежилово
За крај ги оставив Крушево и Македонски Брод. Во Брод бев само на неколку часа. Испивме по некое пиво на стадиончето, го прошетавме цел град. На пат кон Брод, одевме по Јасен, прекрасно искуство. Беа поминати и кафанчињата во Белица попатно.
Крушево е градот кој го немав посетено до пред 2 години. Од тогаш, сум бил три пати. Убавина, уникатност и секако домот на нашиот пејачки бисер, Тоше. Секое одење ја посетувам спомен куќата и оддавам почит. Уживам да пешачам низ цел град, да лежам крај езерото и да пијам пиво таму. Дури и локумот го засакав. Прекрасно е и на Мечкин камен, а возбудливо е да се гледаат и параглајдерите кои се спуштаат по долината. Кошмарно е само одењето со комбе од Прилеп до Крушево, не би го препорачал на никого
Убава е Македонија, а постов фати два дела и мора да оди на 2 пати...