Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2010
Мислења
38.163
Поени од реакции
107.617
Во понеделникот играв фудбал и мојата екипа носеше бели маички, а противничката плави. Имаше аут за нас и на нивна половина од наша бевме само тој што изведуваше аут и јас и само слушам нешто во позадина: фати го белиот/дебелиот. Не чув добро, веројатно рече белиот, ама јас за да се мотивирам си го сетирав умот дека рече дебелиот. :D

10 ден веќе праам автофагија и ок ми оди за сеа, а почнав и со тренирање. Ај преку таквото од лежење и моржирање, мора да се вратам у форма, башка прв пат у живот се пријавив на маратон, 10км, да не се избрукам. :D Цел живот спортувам и тренирам, ама тоа сувото трчање никад не ми било предизвик, не знам зошто..., али ете сеа решив да се пробам и таму. Нема да се глупирам и да бркам времиња, далеку сум од тоа а и не сакам да се замарам, битно е да комплетирам лагано без да погинам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
(Продолжување на мислата :D)

Ресен е град во кој туристички повеќе сум одел како помал, одејќи во Крани. Немам многу мемории од градот, а во последно време само на поминување сум минувал низ градот. Тук таму сме застанувале да одмориме. Имам другарка што се пресели од Скопје да живее таму, треба да и се оди во посета, иако и самата нема некои пофални зборови.
За Охрид и Струга нема што многу да се говори. Од Охрид омилено ми е одењето во делот на Св. Стефан и плажичките на Славија. Уживам да летувам таму при крај на летото. Кафанчињата во Коњско, пициве во Леонардо, ноќни седења на Канео, прошетки низ цел град, кампување во Љубаништа, убавините на Св. Наум, змијарникот во Трпејца (и локални бабички што прават топ зелник). Некое време не ми беше многу омилен град, ама последниве години сфатив дека сум грешел. Секогаш си поминувам одлично, со еден мал инцидент во кој обезбедување не исфрли од кафич откако пијани замаравме по гостите. Топ доручек во Тино, не многу убава скара во градот, но добро рипче. Со скутер да се отиде до Динга во Радожда, уживанција. Пред некоја година отидов сам во градот на неколку денови за да си ги средам мислите и мислам дека се преродив.
Како Струга нема друга, штета што тип како дебилон градоначалник го раководи со години. Последниве прошетки со страв да не те изедат кучиња. Убаво среден дел околу Дримот, со хотелот со исто име, кој е уникатен во својот стил. Ме радува што живурка духот на македонците и во градот и во околината кај Мислешево, Враништа и слично. Разочарувачки изглед на автобуската станица и натписите кои пред се се на друг јазик. За градот ме врзуваат и екскурзии како мал и летување во Еуротел. Точење лимонада по кејот... Многу вардарци од тој регион. Мора да го споменам и Вевчани, со сета своја убавина. Тесни улички, ако се заглавиш со кола нема излегување, ама вреди за природата. И за скарата!!! Не сум бил во време на карневал, тоа треба да се разгледа во иднина како опција.

Кичево е град во кој исто така сум бил безброј пати на утакмици. Гостувањето со воз на екипа кајгана ќе се раскажува со години. Цел ден го утепавме во градот, мешавина од инциденти, пеење во кафана и пиење на цело пиво, полн стадион и убавото Кале. Реновирано е, го посетив со друштво и пред некоја година. Градот нема македонска кафана, се затворила таа под Калето. Од ланџ барот бевме во диско или некој клуб со име Имиџ. Како што секогаш бива, полицијата не запре само нас, откако виде дека не сме од таму. При секое одење во Кичево, некако градот се повеќе и повеќе ми замира. Остана само легендарното вовче да стои пред железничката, да не сообраќа ни единствената линија и да бегаш од кучиња скитници кои го владеат градот. Минатата недела однесовме важни 3 бода од Кичево, а имавме добра поддршка и од нашето население од околните куќи. Кичево, секогаш во срцето.
Исто и славната Дебрца. Сум бил во Белчишта и Сливово. Прекрасни шуми, прекрасна природа.
Тетово ни е братски град, поради Војводи. И овде поголемиот дел од одењата ми биле на утакмици, што со Тетекс, што со Ренова и Шкендија. Собири во жена паркот, кортео до стадион, седење во кафанче. Но, сум бил и туристички. На шопинг во Палма мол, шетање до шарената џамија, пиење пиво и во македонскиот и во доминантно албанскиот дел. Многу позитивни луѓе се тетовчани, секогаш спремни за забава, вистински бедем на македонштината, секоја чест што опстојуваат во таков хаос во градот. Првата слика која ти доаѓа за градот е зафатени 3 од 4 ленти со паркирани автомобили. Одвратна автобуска станица со продавнички како од времето. Не знаеш како е да одиш со комбе до Дебар и во комбето со капацитет од 25 луѓе кое веќе е полно, да се качат уште 20 луѓе во Тетово :D
Гостивар е дури во полошо издание. Убав кеј на Вардар, тоа е се што би издвоил од градот, во кој воглавно сум поминувал само на застанување за одморање и со автобус. Сум испил некое пиво и тоа е се што сум видел од Гостивар, во кој повторно сообраќајната гужва ми е прва асоцијација. Сум бил на бело месо кокошкино во Камењане. Нема ни салата, ни помфрит, само буташ мевце, додека те гледаат сите на криво :D Сум ги шетал и селата како помал, на гостување на мојот локален клуб.
Дебар и реканскиот дел ми се посебно во срцето, затоа што фамилијарно влечеме корени од таму. Научив да пливам во Радика. Пораснав на летувања на Дебарско езеро. Многу ми е мило што се среди плажата кај ресторанот Перла. И доминираат македонци, а многу често може да се видат и дресови Вардар. Езерото си остана тешка тињарија, не дека некогаш ми пречело. Другарка прпоадна на плажата како во жив песок, пред некоја година. Ќе го издвојам и графитчето Spread the legs, like fucking corona :D Сум ловел риба брзброј пати, сум бил на бања во Косоврасти, а богами и на "аква" паркот со внуците. Цел дел од Жупа сум го поминал, сите најзатуцани турски села во околината. Реканскиот дел е штета што остана неразвиен. Прекрасна природа која заслужува поголеми инвестиции, само што луѓето кои живеат таму немаат баш такви амбиции. Сирењето од Велебрдо си владее, ресторанот во Јанче, куќата на Мијаците, Бигорски кој е во заложништво на про татарски лица, Рајчица... Како мал одевме кај познаници во Скудриње и Жировница.
За Маврово исто така не треба да се трошат зборови. Да си дојдеш кога нема снег, кога нема толкава гужва и да си уживаш крај езерцето, да јадеш пита од кафанчињата, да ја искачуваш патеката на сонце или да вртиш со точак. Патот од Маврово до Галичник за мене е најубавиот пат низ шума во Македонија, можеби конкуренција му е само оној од Богимила до Нежилово :D
За крај ги оставив Крушево и Македонски Брод. Во Брод бев само на неколку часа. Испивме по некое пиво на стадиончето, го прошетавме цел град. На пат кон Брод, одевме по Јасен, прекрасно искуство. Беа поминати и кафанчињата во Белица попатно.
Крушево е градот кој го немав посетено до пред 2 години. Од тогаш, сум бил три пати. Убавина, уникатност и секако домот на нашиот пејачки бисер, Тоше. Секое одење ја посетувам спомен куќата и оддавам почит. Уживам да пешачам низ цел град, да лежам крај езерото и да пијам пиво таму. Дури и локумот го засакав. Прекрасно е и на Мечкин камен, а возбудливо е да се гледаат и параглајдерите кои се спуштаат по долината. Кошмарно е само одењето со комбе од Прилеп до Крушево, не би го препорачал на никого :D

Убава е Македонија, а постов фати два дела и мора да оди на 2 пати...
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.635
Драа

На работу една госпоѓа дотерана намеришана, гледајки ги ташње и патике бутна едн пар патике и ги погледна и не ги дигна. Ја ц'цна до њума гу праша зшто не ги врати на место.
Брз одговор: Не е моја работа вика ми бе, цццц.
Леј викам ву ја, сакамо у Европу, ама сс овакфо понашање не смо ни за у Африку.
И знаеш ли што ми вика?
Ти ке ми каеш за Африка, ја сум била у Африка два пати. :facepalm:
Hahahahaha
Едно сс друго абе врску си нема.

Викам си у себе, што не си останала тамо. Да те набие хипо у гз сс зуби,хиене да те едеф док још си жива, или па канибалисти цицку на скару да ти печеф.

Одамна ти викам ја Драа, не заслужуе сфак да живи.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.602
Поени од реакции
6.023
Кеј,
денес една германка ми остај таков впечаток, остатокот од денот само таја ми се врти в ум. Бев во една админстративна зграда заради деловни работи, одма ти е јасно дека само јаките работат таму (пази се Филипе Телфолде сега почнувам со јакото токсично занесување!!). Беше такво злато со мене, на крајот ко требаше да ми објасни нешто битно, клекна на 10 сантими од мене и дерект во очи ме гледаше дур зборуваше. Јас само со подзината уста ја посматрав. Ми беше срам да ја прашам дали е мажена директно, пошто убајте круши свијнето ги јадат. Па спукав едно, смеам да знам како се викате? Се насмевна. Кхм, понеделник пак треба да се вратам, па би сакал пак со вас да си имам работа и реков. Понеделник можам да бидам во било кој оддел ми врати. Океј, климнав со главата и се спремав за бришка. Дури се готвев за чао ми кажа како се вика. Не мора да значи дека е мажена, на моја возраст беше.
Ех да е таков Господ кајги. Знам дека чуда ретко се случуваат, и сигурно луѓе го молат за далеку посериозни работи од моите. Ама кога би бил на негово место не би сакал цело време исклучиво само со тешки работи да се бавам, ќе сакам од време на време и вакви Zucker желби да слушм, и да исполнувам.
знајш. Че ги прашам колешките нејзини, ако таа не е таму.
Плавуша, стегната, ко ја шо сакам.
Иначе денес воглавно и јас сакам да сум високо над плажата ко Дел Реј.
Само јас, не сакам да сум на Западниот Брег на Калифорнија ко нејзе. Туку на Северниот брег од Шпанија, во Баскија. Точно над La Concha сакам да сум високо. Во Свети Себастијан/Доностија.

Lights, camera, acción. I'll do it on my own, don't need your money to get me what I want.



 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.294
Драга..
Ме инспирираа некои постови тука, и решив да побарам(а знам дека мајка ми не фрла стари ствари), и за среќа во подрум си ги најдов старите патики…
222F20B8-32B3-4F9D-A92D-63F3F779F578.jpeg
4B7F3516-C02D-47CB-B9A6-394C685EAA3A.jpeg

Еј животе кога летна…
Уште се сеќавам на овие бело-плави кога ми ги купија во прва средно…!
Главен шизик бев па сигурно една недела… далечната 2000-та.
Торжн бар сум носел тогаш. А далеку д тоа дека богати биле моиве… работници, ама во тоа време успех било ако двајцата родители ти работат.
Ве сакам мамо и тато! :oops:

П.С. и на факултет ги носев, минимум едно 7-8 години, пред да ги купам црниве… (а приложено од сликите и се познава..)
Ете колку квалитетен бил Адидас на времето!
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.602
Поени од реакции
6.023
Бебе мое,

не зе бавам со зодијак ама ќе спукам еден пост за Ф.Т. овде, да ме смести скрос во категоријата со неговите омилени, тетките. I'm making it for a great cause, од нив барем се откачи.

Енивејс. Нема покул знак од Близнакот. Ние сме искрата на секоја журка, без нас нигде. Ние сме организатори, без нас нигде. Во Дојчланд сите колеги и колешки шо се Близнак, секој викенд киснат по ресорти во Црната Шума. Буквално секогаш фули-букд со време. За мене ич не прајме муабет, ко че ја пролистам камерата, ко че видам каде се сум бил во еден месец, ми се чини ко во друг живот да било, а не на почетокот од месецот. Еднаш спонтано ме праша една кога си роден, се испостави дека на ист ден сме имале роденден. И ти си Близнак, очите и се смееа! знаев ми вика. И велам да ти набројам луѓе од ентертејнмент биз шо се Близнак? Тргни од Анџелина Џоли преку Доналд Трамп.
Ние за се имаме план, познаваме места за кој обичните смртници не слушнале, и се шокирани кога ќе ги понесиме со нас. Еднаш еден шо не е дел од нашиот знак ми рече дека познавањето на мене ко Близнак, го гледа како valuable asset. Also so was.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom