Драга,
Што чуден ген има во нашиов народ стварно не можам да сфатам.
Се што е поврзано со нашата култура и традиција им е „сељачко“.
Се наше им смета, ама затоа без проблем ќе слушаат грчка музика на таверна дур јадат гиро, ќе се восхитуваат на албански, турски, грчки фолклор, обичаи, историја - само пошто е поразлично од нашето, ќе се напраат летва во кафана на српско, ќе причаат како се из скопЉе, ќе ставаат слики од Новак Џокович со „Нолеее <3 и српско знаменце“, ќе го прошетаат пола балкан и/или европа ќе се сликаат на 300 тврдини, историски знанемитости итн. а тука цел живот во Скопје или Македонија поминат еднаш до Кале немаат отидено, за Кокино мислат дека е кокиче, Крушево и Охрид им се тотално неатрактивни дестинации итн итн.
Не, воопшто не ми е целта да плукам по ниту еден народ и култура, ама добро бе од што мочка треба да си правен за Се што е Македонско, дел од твојата култура, ген, да ти смета?
До толку ли на некој луѓе „прогресивно“ им е испран мозокот?