До сега не сум бил во земја во која образованието не е крш. Америка беше веројатни најголемо образовно дно, дури жал да ти падни за масите. Во споредба со неа бевме Финска. Зборувам за мојата генерација, денес веројатно образованието е скрос на нула пошто тргнувајќи од Грујо наваму, во него почнаа да се мешаат политичарите (ко во САД). Тоа делумно го осетивме и ние во времето на Грујо. Од сериозни преводи на дела ко Граванот на Албер Ками во средно школо имавме книга по Македонски Јазик во која стоеше следнава поема: Бело теле, бела крава, бело млеко дава. Ееееј на ова како сме се заебавале со друштвото. Тинејџери на прагот да станат Адолесценти, на кои в глава им е само да се пофалат колку по-култен филм изгледале, колку култен бенд нашле, што книга купиле, им сервираш такво нешто. Во време во кое младите најактивно се надоградуваат себеси и тоа го прават со умисла, свесно, затоа што се на возраст на која сами гледаат дека образованието - е важно. Како да те сватат озбилно. Гарант Грујо сам ја напишал мислата.
Во Англија право на образование имаат само неколку. И пред да срипате и да си речите - и јас ќе станам дел од тие неколку! Кој ако не јас. Еј бе па ти, јас. Не. Нема да станите дел од тие неколку. По калдрмите на Франција не се лиеше 'сина' крв (ебаго сина била нивната не црвена) без причина низ вековите.
За тоа дека студентите во други земји примаат финансиска помош, исто не ми се допаѓа. Ова ги охрабрува паразитите да бидат студенти 7 место 4 години, 10 место 6 години, ова го гледам од прва рака овде.
Ако човек одбрал да се дружи со книгите, ако тоа му чини задоволство, нема образовен систем кој би го спречил во неговата лична надоградба. Посебно не денес во време во кое на интернет имаш дела во ПДФ формат почнувајќи од Илијадата на Хомер (напишана во оригинален дактилен хексаметар),
до денес.