Драга Кајгана (виртуелен дневник)

H

Hyperion VI

Гостин
..Во задње време ни стана традиција,со цимерчето,утринското кафе да го пиеме со помисли...
Како?...и Дали? Walter White,можеше да ја спаси Џејн
(женска му на Џес Пинкмен),кога се предозираше.
И од таму низа прашања:

Што ако преживееше?
Дали Скајлер ќе се онадеше со шефот?
Дали ќе имаше судир на авиони?
итн.
(Period)
Сепак моја констатација е дека се работеше за свесно-манифестиран садистички нагон од страна на „Ајзенберг“(R.I.P.),
кон младата неваспитана(#еднанамајка)
мома:eek:

Мислам дека тој можеше да ѝ помогне,само не сакаше :)
(брцни рака,фати јазик + испумпување на торакс)..Тоа...
Поинтересно му беше да ја гледа додека умира?
Секако ова е мое лично мислење,а сепак треба да се консултирам и со Цимерот,кој пак мисли дека White е некој „емотивец“(што се расплачува под дејство на pepper spray):pos:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
петок е многу убав ден и секогаш ми бил поим кога наивно си замислувам дека од трета брзина полека намалувам во втора па прва... И како по правило некаде накај 2 или 3 почнува вовед во некој Тарантино-заплет. Денес почна малку порано и како што ми изгледа ништо од прва во скоро време...
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.072
Поени од реакции
55.854
Кажи му на Хиперион дека Волтер свесно не ја спаси Џејн а со тоа го спаси Џеси, пошто ако ја спасеше неа, ќе го однесеше Пинкман у сигурна смрт со оглед на тоа што немаа намера да прекинат со хероинот.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кајгано!
Татковците како на @Луси не си прават муабети за да утепаат време или од радозналост! Испитуваат со што љујѓе се дружи ќеркичката, да вкључат аларм ако треба, разбираш Блажо! Кој е родител разбира!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.813
Поени од реакции
35.198
Кајг,
милјарди долари прокоцка НАСА, за да види дали песокот на Марс е црвен или зелен, а овде на Земја не зеза еден невидлив вирус, прашање дали човекот ќе преживее, барем со тие пари да изградеа Аква Парк во пустините на Африка,
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.071
За малку моиве ќе му јадеа блага пченица на мачоров. Ја отклучувам вратата прееска и влегувам и пробувам да ја затворам и чувствувам дека не можам да ја затворам. Кога гледам мачоров ја протнал главата, а јас сум го притиснал со неа. Кога ја мушнал главата и самиот не знам не го видов. Фацата ваква му беше после тоа:

tenor.gif
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.708
Поени од реакции
5.691
Кајги,

Си замина и Балашевиќ на другиот свет,баш вчера слушав песна од него:"Да рата не буде" и си мислев колку паметен и интелегентен човек,еден од моите најомилени пејачи,денес читам дека починал.

Нека почива во мир...:place:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.968
Поени од реакции
34.342
Не се сеќавам дека сум бил толку тажен за загубата на некој кој не сум го познавал. Ама со Балашевиќ ми помина цело детство, а подоцна и еден мој D-Moll период од животот, па се чувствувам ко да сум изгубил некој кој бил покрај мене цело време. За мене тој беше единствениот поет меѓу пејачите, и единствен пејач меѓу поетите. Плови мирно по небесата, маестро! :place:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom