Драга Кајгана (виртуелен дневник)

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Денес потрошив време на една стара одлична романтична комедија. Верувам дека во иднина тешко ќе успеат да создадат некоја која ќе биде доволно добра како неа.

 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
Обично си пуштам музика во кола сам од 3 причини.
  1. Знаат да пуштаат лоша музика.
  2. Знаат да читаат вести и политичари да зборуваат.
  3. Знаат и да пуштаат реклами среде песна.
Си го врзувам телефонот со AUX кабел, YouTube и си возам.
Ама, кога одам некаде за кратко, оставам радио. Прееска бев по нова лична карта, ја зимам, испаѓам, и на радио на Антена(да оние што пуштаат само најнови хитови од MTV - Drake, Iggy Azalea, Cardi B) пуштија музика од Robbie Williams и тоа Feel па Angels. Уште 2 круга плус свртев за да си дослушам. Има нешто поубаво кога случајно ќе испадне добра песна на радио отколку сам да си ја пуштиш.

Фала на братот Вори шо ме спомна. Вчера ми беше последен ден на работа во администрација. Совет за сите што ќе добиете решение во администрација. Во старт викајте не знам, не разбирам, немам тренинг за ова, не сум бил на обука. А кога ќе ви дадат работа што е толку проста што и мало дете може да ја работи, работете ја 3 дена најмалце, после по меил пратете ја во ворд верзија кај раководителот и прашајте „Вака ли треба“? После чекате да добиете меил дека некој веќе ја завршил и дека нема потреба од тоа.
Ова е за да си намалите од работен притисок, ќе ги намалите очекувањата на сите, нема да ве замараат во иднина, а благодарение на паметниве телефони можете да се занимавате цел ден со фејсбук и инстаграм наместо да работите нешто.
Платата е иста без разлика колку работни обврски имате или немате, третманот е ист.

Искрено ме изненадија колегиве на испраќање, се собрале скоро сите, ми купиле поклон и со свечен говор ме испратија во нови походи. Со Господ напред ќе биде.
Драго ми е што сум оставил впечаток кај сите за добар колега и работник во зградата кај што поминав скоро 8 години. Уште подраго ми е што имам голем број на пријатели што ми дадоа поддршка да напуштам работа.

Ценете ги многу тие што ви даваат поддршка кога ви треба и ве поттикнуваат за повеќе. На луѓето што слушаат позитивни реакции им помагате да градат цврст карактер на успешни поединци кои ќе ви вратат исто назад кога ќе ви треба вам.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Басната за пустинскиот глушец и ултравиолетовата скорпија, вампирскиот лилјак и кактусот.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
D..... zjapam vo vestive sekoj den,namesto po komsikive (poradi godinite)
i ocekuvam eden den bar da cijam ovaa godima kolku e toa EMPI 10 li bese,kako li bese ona...
so onie cesticki vo vozduhot i zagaduvanjeto, ama nisto od toa...
sekoj den isto 6-7 - 15 ili 17 pocinati od nekoja formula k-19 i tolku zarazeni a tolku ozdraveni...
pa majkamu kaj otidiva tie EMPI cesticki od minatata godina so koj bevme prvi vo svet...
more i so ova K-19 ili K-20 bese pak sme prvi vo svet...vo takvi raboti sme uvek prvi u svet.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.818
Поени од реакции
17.404
Драга

Ако некогаш купам електричен тронинет, пијам смути, се облекувам фенси или направам нешто такво, да ме расчеречат црнци на Драгомаски мост.
 
Член од
1 април 2020
Мислења
142
Поени од реакции
836
Dear K,

Мразам кога настапувам bitchи со најблиските. Мислам, доволно животот ни е bitchи и без моето однесување од горе. Па после се пцујам самата.
Но станувам подобра во тоа, учам да бидам потрперлива и да држам контрола.
И да бидам по отворена со нив. Што покажува резултати.
Тие се мојата безбедносна мрежа, кога не се трамполина, крај краева. :гик:

На другата страна, светот се руши и се гради нов.
Се надевам дека барем работите ќе бидат безбедно- интересни. И во моја полза.

Последно сепнување беше од прашањето "Зошто не го направиш тоа тогаш?", и уште немам правилен одговор, освен да земам и да го нправам тоа што треба. Видов оти членстовто ми е се уште активно, па нема да е лошо да искористам шанса и да си го олеснам животот малку.

Прстиња вкрстени
 

Kajgana Shop

На врв Bottom