Драга,
Ретко ти пишам... ама дождов денес ме напрај толку депресивен што морав негде да се испразнам.
Депресивен сум од сабајлево ко го слушнав кај шо турвит... и почнав благо да јадам после месец и пол пауза - без леб и без благо! Не дека сум дебел..., на 180см висина, што се 77кг? Ама сепак.. си даваш за задача да постигниш одредена цел, и наеднаш еден проклет дожд ти ги кини нервите и те тера да му го "сметиш" на синчето благото. Вкупно: 2-3 реда милка со лешници, и некој безвеза гумени бомбони Харибо.. ама убо ми дојде. И сеа требит 10км да трчам на тракава дома за ги скинам тие 3-400 калории шо ги спукав без мислење.
Ама неможам само времево да го кривам. Па не полудија тотално.. карантини, полициски часој, гом*а !!! Од камен да е човек и ќе прснит, нема да издржит.
Ај да се надеваме дека после дожд, сонце ќе угрее. Ексик и корони и вируси и све... се пореметивме од седење дома, неможам веќе. Поубо од Корона да загинам одколку од оваа глеткава помеѓу 4 ѕида!
И така... бидете ми поздравени и не се секирајте, и да умриме колку толку ќе преживејме!