Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 јуни 2013
Мислења
2.616
Поени од реакции
11.922
Македонски работодавец почетен пакет
-Му правиш ненормален профит на дневна основа
-Вози кола каква ти што не можеш ни да замислиш
-Финасиска исполнетост до совршенство

Се случува “криза“ која не трае ни 2 месеци

-Ги брка вработените бидејќи не можел да обезбеди плати,паднал во тешка “криза“,лапа државен фонд.

Корона?Малку е дајте нешто појако.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.168
Поени од реакции
4.072
На мои 31 година начекав тотално небитна личност со која сум разговарал два пати во животот да ми каже дека пошто сум седнал да испијам две пива со најблиските другари после работа сум бил неозбилен за годините и требало да се смирам, да баталам друштво, излегувања и алкохол. :facepalm:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.330
Поени од реакции
6.426
Чука камбана денес точно во 8 и и викам на колешката, постара жена,
-прв пат како сум тука слушам да чука камбана, некој празник да не е?
Да ми вика, рамазан бајрам сега е до понеделник.
 

Нuкола

Ганџамен
Член од
24 мај 2005
Мислења
5.066
Поени од реакции
12.839
Драга,

Ретко ти пишам... ама дождов денес ме напрај толку депресивен што морав негде да се испразнам.
Депресивен сум од сабајлево ко го слушнав кај шо турвит... и почнав благо да јадам после месец и пол пауза - без леб и без благо! Не дека сум дебел..., на 180см висина, што се 77кг? Ама сепак.. си даваш за задача да постигниш одредена цел, и наеднаш еден проклет дожд ти ги кини нервите и те тера да му го "сметиш" на синчето благото. Вкупно: 2-3 реда милка со лешници, и некој безвеза гумени бомбони Харибо.. ама убо ми дојде. И сеа требит 10км да трчам на тракава дома за ги скинам тие 3-400 калории шо ги спукав без мислење.

Ама неможам само времево да го кривам. Па не полудија тотално.. карантини, полициски часој, гом*а !!! Од камен да е човек и ќе прснит, нема да издржит.
Ај да се надеваме дека после дожд, сонце ќе угрее. Ексик и корони и вируси и све... се пореметивме од седење дома, неможам веќе. Поубо од Корона да загинам одколку од оваа глеткава помеѓу 4 ѕида!

И така... бидете ми поздравени и не се секирајте, и да умриме колку толку ќе преживејме! :D
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
4.691
Поени од реакции
7.307
Вака некако изгледа еден мој обичен работен ден.

 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
467
Поени од реакции
2.333
Читам и се нервирам....бројките на новозаразени факт дека не се добри, ден за ден напредуваме ама некако во рикверц. Ние православните за Велигден си празнувавме дома..палевме свеќи на тераси....збудалевме.
ИВЗ ќе ги отвореле џамиите и за време на полициски час, поради нивниот празник.....хаос. :facepalm:
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.827
Поени од реакции
3.176
Ако сакате пари од светска здравствена организација, мора да глумиме дека сме јако погодени од вирус, дека сме под полициски час и тд. Исто како и во секојдневниот живот што глумиме све само да не работиме а пари да земеме.
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.684
Поени од реакции
5.307
Драга и драги членови

многу ви ја препорачувам Наташа,наша Македонка која е во брак со Кореец .... Вчера случајно го открив каналот и покрај тоа што веќе имаат 14к следачи .... Инстант хит ми стана .... Девојчево цепа корејски ПЕРФЕКТНО .... Девојчево онака од сакањето на корејската култура,к-поп музиката,случајно се запознава со Кореецов .... Кореецов дошол дури до Македонија сериозно оти се вљубува во Наташа .....Далечна врска резултира со брак .... Би сакал Асид,како медиум Кајгана, да успее да направи интервју со двајцата .... Ќе ви донесе поени одма ..... :) :):):)



 
На врв Bottom