Драга,
инспириран од постот на сонот на Џонтра еве го мојот денешно- вчерашен сон.
Мојов за разлика од тој на Џонтра е многу полуциден и позабеган.
Оној неговион каде што ја штипкал Маја Поцевска за цицка и каде што го сретнал Марио Балотели у Крушево многу реално изгледа. Особено после гласините за Нани у Гостивар нема да ме зачуди овој да дојде у Пелистер или Победа и за викенд да отиде у Крушево. Нејсе.
Вака иде мојот сон. Мене и уште 2ца (машко и женско) не испратиле во некој интернационален камп за да запознаеме странци и да бидеме гости на некој фестивал. Секако се бесплатно само патот до таму се плаќал. Кампот се наоѓал на море ама не со медитеранска плажа туку на врв на гребен висок 150- 200 метра и провалија во морето. Сме требале еден ден да преспиеме.
За да стигнеме до кампот сме иделе пешки низ дел како низ стар парк во Скопје. Убаво време, сончево, полно луѓе. Личело како некоја елфска шума.
Кога сме стигнале во кампот тоа биле мали куќички- бараки на 2 спрата со 2 соби горе и доле ама толку биле руинирани што изгледале како баракине од Стив у Автокоманда скршени прозори лепени со најлони и откорнати даски. Скалите меѓу спратовите биле демолирани па со даски било нешто импровизирано. Ја сум спиел на вториот спрат.
Во кампот имало луѓе од цел свет (за чудо црнци немало) и сите како во паркот лабави насмеани со џагор си се вселувале и распостилале во дворовите ао скари и столици и маси. Ние тројца не сме се ни распакувале а сме отишле одма назад до градот да јадеме затоа што кујната дефакто непостоела, била празна просторија со све откорнато.
А да ќе заборавев пред кампот имало чуварница каде што некоја просечна 50г појава како Видара работел како чувар и ни ги давал клучевите од бараките. Целиот зачаден од 3 кутии цигари на ден и ни промумлал нешто одамна е кампов срање, властите не се грижат за него, ја испокрадоа државата и такви бумерски источноевропски жалопојки.
Сцените од градот не ги памтам, како на филм скипнати се.
Се враќаме во кампот приквечер и гледаме прво паркот е празен и мрачен и се спрема бура. Во чуварницата го нема и сами сме си ги земале клучевите. За чудо и кампов бил празен. Сме си легнале. Ја сум се жалел како било ладно и дека дувало од меѓу даските. Башка и истурило. Другиот ден, убав сончев ден ги нема ни другариве мои у куќата. Викам аум се успал тие ваљда се отидени во градот. Искачам од бараката и гледам пак празен е кампов а еден човек во како Грим Рипер облечен само во сиво - бело , наместо со тоа косата со срп коси трева и сече плевел. Го средува кампот. Сум го видел и нишо не аум изреагирал. Сум отишол во градот. Видара пак го немало во чуварницата.
Пак скипнат е делот со градот и се враќам пак приквечер во кампот и пак гледам тој Грим Риперот си средува нешто низ кампот. Уште било ден т.е. зајдисонце и сум му рекол може ли да дојдеш да ми помогнеш да ја дигнеме клупава да ја однесеме баш на гребенот да го гледам морето со зајдисонцето. Се нафатил да ми помогне и сум приметил дека на лицето под капуљачата имал маска како во Вендета или како Викиликс. Воопшто не ми било чудно.
Таман да седнам на клупата ми текнало да идам у бараката да видам дали овие двајцава се вратиле но сум видел им ги немало стварите си се спакувале и си отишле ваљда. И ја сум се спакувал, се стемнило и сум си легнал. Башка и така немало струја у бараката.
Другиот ден сум станал и сум ги видел двајцата у бараката како ми рекле дека заборавиле нешто да земат и дека сестра ми заборавила некој куфер. И во сонот бев ВТФ од каде тоа куфер на сестрами таму.
Сум си ги зел куферите сосе нејзиниот и сум тргнал кон чуварницата. Сега гледам пак сите се тука се пакуваат и прво некои црвенокоси како Ирци или Шкоти сум ги прашал како се шо праат, после тоа некои жути како Јапанци, Корејци. Ваљда телепатски сме се разбрале затоа што зборови не разменивме а ни гласови не се слушаа. Тие црвенокосите ми рекле со кола сме ќе те пребациме до градот.
Сум стигнал до чуварницата и тамо бил Видара исти таков пропаднат, намрштен и зачаден. Сум го прашал кај бил и кој бил тој градинарот (облечен како грим рипер). Ми рекол он бил.
Сум му се изнасмеал и во сонот.
Се разбудив и прво си реков колку луд и смешен сон. Откако станав да мочам и се подосвестив сфатив дека кампот сосе Видара во него бил камп на духови и дека бил проколнат. Тие двајцата а и ја ваљда сме умреле у меѓувреме за да последниот ден пак сите се видиме. Со странците затоа и ваљда сме се разбрале се телепатски без зборење. И ваљда затоа и немало црнци затоа што дух црнец многу глупо изгледа. Бараките биле скапани не заради државата што не се грижела туку затоа што биле опседнати и напуштени со години.
Само не ми е јасно зошто грим риперот бил градинар, ми помогнал да ја пренесеме клупата на која што не сум ни седнал и зошто бил облечен во сиво- бело со маска од Вендета.
Ај да ве видам толкувајте го ова. А не Балотели во Крушево и Нани во Гостивар.