Византиецот
Codename Duchess
- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 2.841
- Поени од реакции
- 6.452
кеј,
кај мене самодовербата има големи висини, уште поголеми падови.
Постов е во голема мера инспириран од Ставре и Јелена. Гледав едно интервју нејзино во кое кажува дека песната Маш-алах, од Албумот Алфа (ппфф хахаха), е напишана за сите луѓе кој се чувствуваат неубаво и ситно. Дека самата таа се осеќа така, еве веќе неколку децении, дека тоа е причината за пластичните операции, желбата да пополниш нешто, некоја празнина во врска со себе. Иронично, операциите не ја направија поубава, туку ја изгуби сета женственост и убавина која ја имаше пред нив. Изгледа некој во средно школо сурово ја навредил или нарекол грда, па таа надоместува за тоа навака. Заклучив и дека мојата токсична самодоверба е плод на такво нешто. Еднаш или два пати во годината ме фаќа криза. Овие денови не сакам да се појавам пред огледало. Ми смета секоја црта од лицето, ми смета што сум се избричил, ослабен сум? веѓите ми се веднаш погусти, лицето ми е прекротко, нема грам гордост во него. Секој лигуш во метро или на улиците од Баден Баден, ми се чини дека е подобар од мене, поголем (со мој метро и девеесет), посреќен.
Ко че помини фазата, се гледам пред огледало некое утро и си велам, ти ли ќе се осеќаш така? со овие црни очи? па дали си ти бре нормален? И тука почнува фазата на токсична пресамоувереност, над-самоувереност. Која не е природна, која е насилна и исфорсирана. Не е спонтана, ниту општоприфатлива. Она кога веруваш во себе и си задоволен од тоа како изгледаш? Не, сосила е. На оваа тема, и првосветски проблем, правев муабет со еден другар од Холандија денес. Заклучивме дека не е прво-светски проблем. Туку проблем кој ти се меша во секоја свера во животот, а посебно во меѓу човечките односи.
Ако денес ви сметаат препичени луѓе, отров од ароганција и занес, размислете два пати пред да навредите некој. Ова за помладите генерации, за другиве помина возот. Да, можда некој ви се чини подобар од вас, ама тоа не е причина за да го навредите и омаловажите. Остајте го да биди, колку и да е тешко. На долг рок, ќе е поубаво за вас, а веројатно и позрело за него. Добивка-добивка е ситуацијата и за двете страни.
До мојот нареден риалити-чек, и ЕГО експлодира момент, ве оставам со убави размисли.