Кајги деновиве имав нешто работа, се бавтав наваму-натаму, и ко за беља требаше да одам до
Џорче со 5-ка... И баш ко за беља во 4 саат кога највеќе има гужва. И ајде вози се од железничка до Џорче едно саат ипол... Се симнувам таму пред семафорите на главна улица, и барам некој кафиќ или бурекџилница да каснам да повратам душа (цела ден го шетав на празен стомак) Шетај лево, шетај десно по главната улица, нема бурекџилница ни за лек... Имаше до душа една, ама затворена среде бел ден

. Одам таму до кај кладилниците, баш кај семафорите, има таму една пицерија, ама па не давале господата пица на парче

. Шетај 15 минути, и на крај решив да фрлам 80 проклети денари на сендвичарчето што се наоѓа одма до автобуската постојка кај семафорите (албанци работат, ги познав по говорот). Земав донер, еден таков никаков исушен, со бајат лепче, тоа месото самошто не мувлосало, бљљљљааак

.
Друго ми беше муабетот, во најпатриотската населба во цело Скопје, да неможеш да се најадеш асално, и да молиш за парче леб од албанци кои сигурно живеат во Сарај или Крушопек, значи еве незнам... Да не беа браќава ќе паднев по пат од глад. Патриотска населба, море мрш таму.
Овде во Чаир врие од албанци, турци, македонци, босанци, марсовци итн... Ама кога ќе земеш од Јаја Паша па се таму до Топанско поле, на секој чекор бурекџилница, сендвичара, чаиџилници, донери, абе мераци. Пласет донер, фурна Чаир, Пчела, Мигрос, горе кај Пенко училиштето истотака бурекџилница, пицерија кај бензиската кај Слога стадионот, сендвичари Принц и Париз во Топанско, Хаваи во Скопје Север кај црквата, пола од овие работат 24/7
- Пица на парче? Нема проблем, еве ти фа
Ља, чао, пријатно.
- Цела пита бурек? Нема проблем 120 денари ќе ве кошта, сакате да ја сецкам на четвртинки или само да ја ставам во кеса?
- Еден хамбургер? Нема проблем, 70 денари... Сакате кечап, мајонез, буковка, паклиџан, зелка, помфрит?
- Во Пласет Донер не те ни прашуваат што сакаш, се ти тураат во донерот не те пасат дали сакаш ова или она
И тоа најефтино е тука од цело Скопје, а тоа дека ќе се најадиш као говедо, нема збор. И срце да те фати од покачен холестерол и висок крвен притисок, ич да не жалиш, ќе си умреш како здраво најаден човек
Форца Чаир-ит (по албански

)