Многу работи може да ме извадат од такт ама оваа посебно... безнадежниот идиотизам...
Ништо не функционирало, се е со врски, цела држава 2-3ца ја поседувале, не можеш против нив.
Океј, не чинат работите, има врски, се е партиски, се е поделено. Се тоа стои, ама кој кур со безнадежноста. Као ништо не можеш да направиш. Епа ајде да легнам у кревет и да чекам да умрам ебате !
Од вакви размислувања попонижувачко нешто нема !
Прво ми е понижувачко од човечки аспект.
Никој, ама баш никој не може мене да ме поседува. Ја не сум ничија сопственост.
Друго, како правник не можам да прифатам кога ваквиве луѓе индиректно ми кажуваат дека сум потрошил 4 години од мојов живот на глупости, зошто на крајот ако е таква ситуацијата испаѓа дека на глупости сум се трудел ја.
И норамално коа ќе се спротивставиш на ваквото глупо и безнадежно, ако може и уопште да се нарече размислување, слушаш „цела држава ја украдоа, СЈО направија па пак ништо не им можат“.
И у тој момент не знаеш дали соговорникот да го убиеш или сам себе.
Ваквиве оценки за СЈО ми се хит моментално. Појма немаат од право, ама знаат дека СЈО не го бива.
И коа сум веќе кај ова, преку кур од тоа шо сите станаа правни експерти. Абе читнале некој закон и готово, они правото го измислиле. Сум имал контакт со луѓе што се дрзнуваат да даваат правни совети за многу деликатни прашања само зошто „они ги читале и ги прателе сите измени на законите“.
Ја никогаш себе си нема да се наречам правен експерт, а го студирам тоа, ама затоа секоја будала денес е експерт во правото.
Не ви се досади од ваквите понижувачки ставови ?
Како ќе се смени нешто коа сите прифатиле дека никогаш ништо не може да се смени ?
Кој ќе ја донесе промената тогаш ?
Некој од надвор ќе ни дојде ?
Го иам претходно ова зборено, не чинат овие, иди и гласај против нив на избори, а не тука да ми се курчиш дека ти као се знаеш и знаеш дека ти шо и да напраиш ништо немало да се смени. Ти тешки напраи нешто па после ќе видиме дали ќе се сменело нешто.
Ебаве паразитите ебаве. Ај ќе цмиздриме, ништо не било добро и ќе чекаме само од себе да се смени !