Идеме по ред:
-Седиш на маса, јадеш кикирики, се закашлуваш: Ете, зборев јас не иди со мокра коса, не седи на промаја, ама изгледа канта тропала.
-Те здоболува грбот при нагло станување од неколку часовно лежење у коматозна состојба: Епа кога вика некој не иди со гола половина, облакај се како што треба, некој друг нејќе да слуша.
- Паѓаш испит: Еееее синко синко, место да квачиш на тоа лап топот можеше да го загрееш столчето и да си го положиш испитот.
- Положуваш испит со 6ка: Ајде честито, ама си можел и подобро, некако овие 6ки ми бодат во очи.
- Идеш на фудбал, ти се кине некако патиката од страна: Ееее бре Стефане ништо не знаеш да чуваш, па сеа скоро ги купи патиките. (патиките постари од огнот)
- Им кажуваш дека се гледаш со некоја: Туго синко којзнае ти каква ќе донесеш еден ден, нит ќе те пере нит ќе ти готви.
Секад ќе седам на промаја, секад ќе лежам по 300 саати и ништо нема да ми биде, никад нема да го загреам столчето, никад нема да имам поголема оцена од 6ка, никад нема да скинам нови патики и никад нема да донесам некоја што нема да пере и да готви. ШУКУРАЦ!